fbpx

Украина со тактички напредок во контраофанзивата, Русија напаѓа кај Купјанск

Американските воени аналитичари објаснуваат дека од почетокот на контраофанзивата, украинската војска напредувала од 12 до 19 километри по двете главни линии на напад во регионот Запорижја

-

Украинските сили напредуваат на југот по две главни линии на контраофанзивата, кои имаат за цел да стигнат до југот на Азовското море, да ги прекинат линиите на снабдување на руската војска и да ги одвојат окупираните територии од страна на Русија, пишува Њујорк Тајмс.

Американските воени аналитичари објаснуваат дека од почетокот на контраофанзивата, украинската војска напредувала од 12 до 19 километри по двете главни линии на напад во регионот Запорижја – преку селото Старомајорске кон градот Бердијанск и подалеку на запад кон градот Мелитопол.

Њујорк Тајмс пишува дека иако големината на ослободената територија од украинските сили е релативно мала, сепак таа е важна поради тоа што ја принудува Москва да ги пренасочи своите сили од другите делови на фронтот кон овие две точки на напад.

Американскиот Институт за проучување на војната го нарече напредокот на украинските сили „тактички значаен“, велејќи дека прераспоредувањето на руските сили најверојатно дополнително ќе ги ослабне руските одбранбени линии на фронтот.

Истовремено, руските сили вршат офанзивни операции во североисточниот дел на фронтот, околу градот Купјанск во Харкивскиот регион. Воените аналитичари за Њујорк Тајмс објаснуваат дека Русија најверојатно сака да го привлече вниманието на украинските сили на оваа точка, како би биле прераспределени украински сили таму од другите точки на фронтот каде што се одвива контраофанзивата.

Украинскиот генералштаб потврди дека руските сили напаѓаат во правецот Лиман-Купјанск, додавајќи дека непријателот ќе продолжи со своите напори. Русија извршила три напади на овој дел од фронтот, 428 ракетирања и 10 воздушни напади. Руските обиди за окупирање на дополнителна територија биле одбиени, при што 37 руски војници загинале, а 82 се повредени, пренесува Укринформ. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...