fbpx

Досега утврдени 80 смртни случаи од пожарите на Хаваи, луѓе биле спасувани од океанот

Властите повторно дозволија враќање на жителите во Лахаина, иако огромен дел од градот е уништен. На автопатот кон градот, што беше единствениот употреблив пат, коли чекаа речиси допрени едни до други, крај камионите што носеа залихи, вода, гориво, пелени и тоалет хартија

-

Големите шумски пожари на Мауи, еден од четирите големи острови на хавајскиот архипелаг, досега одзеле најмалку 80 човечки животи, но стравувањата се дека бројката може драстично да порасне, бидејќи не може да се воспостави контакт со стотици други лица. Пожарникарите се бореа и се борат со огнената стихија во неколку области, вклучително и историски значајниот град Лахаина, којшто е целосно уништен, јави Би-би-си.

Најавена е и сеопфатна истрага за постапувањето на властите во справувањето со пожарите, бидејќи не биле пуштени сирените за тревожење на Мауи, во време кога телекомуникациската опрема станала жртва на огнот.

Бројката на жртви од пожарите на Хаваи се искачи на 67 лица

Властите повторно дозволија враќање на жителите во Лахаина, иако огромен дел од градот е уништен. На автопатот кон градот, што беше единствениот употреблив пат, коли чекаа речиси допрени едни до други, крај камионите што носеа залихи, вода, гориво, пелени и тоалет хартија, известува репортерот на Би-би-си. Беа заглавени бидејќи само неколку час откако беше дозволено повторно влегување во градот, патот пак беше затворен за други возила освен за итните служби. Додека жителите чекаа со своите возила, во друго населено место на север од градот се разгоре пожар што се закануваше да зафати бензинска станица.

Во самата Лахаина, пак, која е уште без вода од водовод и без струја, спасувачките екипи што работеа напоредно со пожарникарите вчера и во претходните денови, извлекуваа од океанот луѓе што влегле во вода за да се спасат од пожарите и од чадот. Некои ставале мали деца на штици за сурфање за да ги однесат подалеку од пожарот што го зафати градот. Според еден туристички работник, пронајдени биле и загинати луѓе кои скокајќи да се спасат од пламените јазици, завршувале на карпите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...