Бројката на жртви од пожарите на Хаваи се искачи на 67 лица

Гувернерот на Хаваи вели дека „нема оправдување за никого“, иако бројните пожари што гореле на различни подрачја создале „многу флуидна ситуација на островите“.

-

Во големите шумски пожари што го опфатија хавајскиот остров Мауи досега загинале 67 луѓе, но се очекува бројката да расте, јави Си-ен-ен.

Гувернерот на сојузната држава Хаваи Џош Грин рече оти се очекува дека траурната бројка ќе расте. Тој објасни дека најголемиот дел од загинатите ги загубиле животите на отворено, а не во нивните домови.

На жителите на најтешко погодениот град, Лахаина, веќе им е дозволено да се враќаат во нивните домови, но според гувернерот Грин, таму ќе видат уништување какво што веројатно не виделе претходно во нивните животи.

Грин за Си-ен-ен објасни дека наредил сеопфатна истрага на постапувањето на државните органи во часовите по избивање на пожарите, вклучително и барање на причината зошто не се вклучиле сирените – ги има околу 400 – за да ги алармираат жителите на Мауи.

Гувернерот на островската држава вели дека посебна пречка претставувало тоа што огромниот шумски пожар, што потоа го опфатил овој град со историско значење и речиси целосно го уништи, е што пожарот едно време загаснал, а потоа откако пожарникарите отишле да интервенираат на други подрачја на Мауи, повторно се разгорел.

„Телекомуникациската опрема беше многу бргу уништена“, објасни Грин за причините зошто жителите на тесно-поврзаната заедница не можеле да се предупредуваат едни со други преку телефон.

Сепак, гувернерот на Хаваи вели дека „нема оправдување за никого“, иако бројните пожари што гореле на различни подрачја создале „многу флуидна ситуација на островите“.

Бројката од 67 загинати е најголема во природна катастрофа во сојузната американска држава откако големиот архипелаг го добил тој статус – во 1959 година. Претходно грдиот епитет го носеше градот Хило, во кој во цунами во 1960 година загинаа 61 човек.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...