fbpx

Руски ракети погодија станбена зграда во Криви Рих – има загинати и повредени лица

Досегашните информации говорат за најмалку две загинати лица и дваесет повредени

-

Руската воена агресија во Украина продолжува со ненамалено темпо. Утрово во руски ракетни напади биле погодени станбени објекти, универзитска зграда и други објекти, а најголеми штети се предизвикани во градот Криви Рих во централниот дел на Украина, пишува Гардијан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Телеграм објави видео од ракетниот напад врз станбена зграда во Криви Рих, информирајќи дека можно е да има цивили кои се наоѓаат под урнатините на срушениот објект. Досегашните информации говорат за најмалку две загинати лица и дваесет повредени.

Според податоците на украинското Министерство за внатрешни работи, помеѓу пет и седум жители на станбената зграда се наоѓаат под урнатините и во моментов спасувачките тимови работат на лице место за нивно извлекување.

Како резултат на руското ракетирање во изминатава ноќ, во градот Херсон на југот на Украина загило едно лице, додека руски ракети погодиле индустриски објекти и во градот Краматорск во Донецкиот регион, но нема информации за жртви.

Во меѓувреме, борбите меѓу украинските и руските сили продолжуваат на првите линии на фронтот. Украинскиот претседател Володимир Зеленски информира дека украинските сили вчера освоиле терен во близина на градот Бахмут во Донецкиот регион, којшто претходно го изгубиле во мај година. Тој го опиша вчерашниот ден како „добар, моќен ден“ на фронтот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нивните сили одбиле четири украински напади во близина на градот Лиман, но и дека дејствувале за да уништат оклопна пригада на украинската војска во близина на градот Сватове.

Би-би-си ја пренесува пораката на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој по нападот со дронови на Москва напиша дека војната на Русија им се враќа во нивниот двор. Зеленски ги опиша нападите со дронови на руска територија како „неизбежен, природен и апсолутно фер процес“ во војната меѓу двете земји.

„Постепено, војната се враќа на територијата на Русија – во нејзините симболични центри и воени бази“, изјави Зеленски.

Инаку, Саудиска Арабија е последната од низата земји кои иницираа одржување на мировен самит за Украина. Саудиските власти објавија дека ќе бидат домаќин на мировниот самит организиран од Украина на почетокот од август, на кој ќе се бара начин да се започнат преговорите за руската војна против земјата, соопштија официјални лица, пренесува Гардијан.

Асошиетед прес објави дека самитот ќе се одржи во пристанишниот град Џеда на Црвеното Море, цитирајќи еден од официјалните лица. Русија не е поканета на самитот, рече официјалниот саудиски претставник.

Шефот на претседателскиот кабинет на Украина, Андриј Јермак, потврди дека разговори ќе се одржат во Саудиска Арабија, без да ја именува Џеда како локација.

Тој рече дека украинската мировна формула која содржи 10 фундаментални точки „треба да се земе како основа, бидејќи војната се одвива на нашата земја“. Властите во Кијив предлагаат мировна формула, која подразбира обновување на територијалниот интегритет на Украина, повлекување на руските трупи од нејзината територија и основање на трибунал за судење на одговорните лица за руската агресија врз Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хамас не го прифаќа понудениот договор за примирје, преговорите продолжуваат

Висок функционер на Хамас во текот на ноќта изјавил за новинската агенција Франс прес (АФП) дека одговорот на групата на предложениот договор за примирје со Израел, а постигнат со...