fbpx

Жестоки ракетни напади врз Кијив и врз шест руски региони

Украинскиот генерал Валериј Залужни соопшти дека украинската противвоздушна одбрана изминатава ноќ соборила 28 руски ракети и 15 од вкупно 16 лансирани дронови

-

Најмалку две лица загинаа, а тројца се повредени како резултат на рускиот напад врз Кијив што се случи изминатава ноќ, јавува Гардијан. Станува збор за еден од најжестоките напади врз украинскиот главен град од пролетта. Во Кијив и околниот регион се оштетени куќи, станбени и други објекти, при што е предизвикана и голема материјална штета.

Украинскиот генерал Валериј Залужни соопшти дека украинската противвоздушна одбрана изминатава ноќ соборила 28 руски ракети и 15 од вкупно 16 лансирани дронови.

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на Твитер напиша дека нападот врз Кијив е намерен напад од Русија врз цивилно население. Подољак тврди дека нападот е одмазда за зголемениот број несреќи во Русија, неуспехот на фронтот, етничка омраза и обид за психичко заплашување.

Русија извршила ракетирања и врз Херсонскиот регион во 77 наврати, при што регистрирани се тројца загинати лица, а повеќе цивили се повредени, пренесува Укринформ.

Руските власти соопштија дека изминатово деноноќие биле регистрирани напади со дронови во регионите Псков, Брјанск, Калуга, Орлов и Рјазан, како и на окупираниот полуостров Крим. Гардијан пишува дека нападот со дронови врз шест руски региони бил најголем досега од почетокот на руската воена агресија врз Украина во февруари 2022 година.

Инаку, украинските сили изминатово деноноќие оствариле успешни офанзивни дејствија јужно од градот Бахмут во Донецкиот регион, информираше денеска украинската војска. Како што пренесува Укринформ, украинските сили се обидуваат да ја ослободат територијата која што Русија претходно ја зазеде пред неколку месеци. Пред неколку дена, украинските сили успеаја да го ослободат селото Роботине во регионот Запорижја. Тие се обидуваат да напредуваат во правец кон градот Токмак, кој доколку го ослободат, ќе им овозможи и пристап кон големиот град Мелитопол во овој регион.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...