Масовни ракетни напади на Русија врз западна Украина, загинаа најмалку три лица

Руската агресија од источните и јужните делови на Украина се префрли во западните региони со масовното ракетирање на градови кои се наоѓаат во близина на полската граница

-

Русија изврши масовни ракетни напади врз западните делови на Украина, во кои животот го загинаа најмалку три лица, пренесува Гардијан. Погодени се објекти во регионите Лвив и Волин, кои граничат со Полска. Најмалку три лица загинаа во Луцк и неколку се повредени откако руска ракета погоди комерцијален објект во овој град кој е административен центар на областа Волин.

Во нападот врз градот Лвив се повредени три лица, но украинските власти посочуваат дека ова е најмасовен ракетен напад врз ова населено место од почетокот на руската агресија врз Украина. Оштетени се повеќе од 100 објекти за домување, а погодена била и детска градинка.

Украинската противвоздушна одбрана уништила 16 од најмалку 28 руски ракети што биле истрелани кон западните делови на земјата, соопшти украинскиот генералштаб. Руските ракети биле истрелани од Каспиското море.

„Многу ракети беа соборени, но има некои што го погодија Лвив“, изјави градоначалникот Андриј Садовиј, додавајќи дека барем една станбена зграда била зафатена од пожар како последица на руското ракетирање.

Ракетиран бил и градот Днипро во централниот дел на Украина, каде што била погодена фабрика и едно лице било повредено.

Со руски ракети бил погоден и градот Краматорск во Донецкиот регион, при што едно лице загинало и едно е повредено, пишува Укринформ.

Воените дејствија на југот од Украина продолжуваат, при што украинските сили успеаја да направат дополнителен пробив околу населеното место Урожајне во регионот Запорижја, пренесува Укринформ. 

Цените на автобуските билети за меѓуградските линии и натаму „солени“, компаниите нема да ги намалат

Цените на автобуските билети за меѓуградските линии во Северна Македонија остануваат високи и недостижни за многу граѓани. Најпогодени се студентите, кои велат дека цените се „солени“ и бараат намалување...