fbpx

Ново обвинение против Трамп и неговите сојузници во Џорџија поради изборите во 2020 година

Во обвинението се вели дека обвинетите свесно и намерно се приклучиле на заговор за незаконско менување на исходот од изборите во корист на Трамп

-

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп е обвинет за обид да го поништи изборниот пораз во 2020 година во американската сојузна држава Џорџија.

Трамп, кој е водечки републикански кандидат за претседател и на изборите во 2024 година, е обвинет заедно со 18 негови соработници, пренесува Би-би-си.

Обвинителката на Џорџија, Фани Вилис, првпат започна истрага против Трамп и соработниците во февруари 2021 година за наводите за мешање во изборите. Во обвинението објавено вчеравечер, наведени се 41 обвинение против вкупно 19 обвинети.

Вилис рече дека им дава можност на обвинетите доброволно да се предадат најдоцна на 25 август, додавајќи дека планира заедно да ги суди сите обвинети.

На списокот на наводни козаговорници се и поранешниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, поранешниот шеф на кабинет на Белата куќа, Марк Медоус и поранешниот адвокат на Белата куќа, Џон Истман.

Во обвинението се вели дека обвинетите свесно и намерно се приклучиле на заговор за незаконско менување на исходот од изборите во корист на Трамп.

Доналд Трамп е обвинет за повеќе кривични дела, меѓу кои и за прекршување на рекетарскиот акт на Џорџија, заговор за претставување како јавен службеник, заговор за извршување фалсификат од прв степен, лажни изјави и пишувања и поднесување лажни документи.

Обвинетите се опишани како „криминална организација“, при што се обвинети и за други дела, вклучително и за влијание врз сведоци, компјутерски криминал, кражба и лажно сведочење.

Најсериозното обвинение – прекршувањето на Законот за организации под влијание на рекет и корумпуирани организации, се казнува со најмногу 20 години затвор, пренесува Би-би-си.

Трамп ги негира сите обвиненија против него, за кои рече дека биле политички мотивирани.

Во соопштението, од кампањата на Трамп го опишуваат окружниот обвинител како „бесен партизан“ кој поднел „лажни обвиненија“ за да се меша во претседателската трка во 2024 година и да ја оштети „доминантната кампања на Трамп“.

Доналд Трамп е првиот поранешен претседател во историјата на САД кој се соочил со кривични пријави. Ова е четвртиот кривичен предмет поведен против него во последните неколку месеци.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...