недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: претседателски избори во САД | 51 резултати

Избори во САД: Доналд Трамп е на чекор да се врати во Белата куќа

6 ноември 2024

Откако забележа низа победи во клучните држави, Доналд Трамп е на чекор да се врати во Белата куќа по значајните претседателски избори во САД кои се одржаа вчера. Републиканскиот кандидат изненадувачки рано ги доби гласовите во Северна Каролина, првата држава на бојното поле, а подоцна ги доби и Џорџија и Пенсилванија. Тој е силно позициониран […]

Илон Маск донирал 75 милиони долари за кампањите на Трамп

16 октомври 2024

Во период од три месеци, Илон Маск донирал околу 75 милиони долари за „про-Доналд Трамп“ кампањите, покажуваат наодите на Федералната изборна комисија, нагласувајќи како милијардерот станал клучен финансиски фактор за напорите на републиканскиот кандидат да победи на претседателските избори во САД, пишува Гардијан. Америка PAC, која е фокусирана на излезот на гласачите во тесно спорните […]

Нема докази дека Камала Харис носела обетки-слушалки за време на дебатата со Трамп

17 септември 2024

Не е јасно дали некој навистина поседува пар од обетките, кои не се достапни за купување на веб-страницата на „Ајсбах“ (Icebach). Основачот и извршен директор на компанијата Малте Иверсен изјавил за Ју-ес-еј тудеј дека обетките не се на залиха и дека компанијата во моментов бара инвеститори за „соодветно да ги засилат операциите“. Icebach ја стекна […]

Втор обид за пукање во Трамп, Бајден соопшти дека Тајната служба ќе ги има сите ресурси за да го заштити

16 септември 2024

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп е безбеден и неповреден откако агенти на американската тајна служба отвориле оган кога забележале лице со огнено оружје на теренот за голф западно од Палм Бич, каде што се наоѓа одморалиштето на Трамп, Мар-а-Лаго. Официјални лица информираа дека напаѓачот се наоѓал во грмушки во близина на […]

Папата Франциск смета дека американските гласачи треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“

14 септември 2024

Папата Франциск изјави дека американските гласачи на претседателските избори ќе треба да изберат помеѓу „помалото од двете зла“, зборувајќи на антимигрантската политика на поранешниот претседател Доналд Трамп и поддршката на правата за абортус на потпретседателката Камала Харис, кои тој ги оценува како акции против животот. „Човек мора да го избере помалото од двете зла. Кој […]

Доналд Трамп вели дека нема да учествува во друга претседателска дебата против Камала Харис

13 септември 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера објави дека нема да учествува на друга претседателска дебата со неговата опонентка, американската потпретседателка Камала Харис. „НЕМА ДА ИМА ТРЕТА ДЕБАТА“, напиша со големи букви Трамп на неговата социјална мрежа „Truth Social“, а пренесе Си-ен-ен. Кампањата на Камала Харис, пак, повика на нов дуел откако таа и Трамп пред […]

Тејлор Свифт ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД

11 септември 2024

Една од најпопуларните музички артисти во светот, Тејлор Свит ја поддржа Камала Харис за претседателка на САД. Во објава на Инстаграм неколку минути по синоќешната претседателска дебата, таа напиша дека кандидатката на Демократите ќе биде „воинот“ што ќе се бори за правата и каузите во кои верува. „Како гласач, внимавам да гледам и читам сè […]

Гледачите на „Фокс њуз“ сметаат дека Харис вешто настапи на дебатата против Трамп

11 септември 2024

Вчера се одржа првата дебата меѓу американските кандидати за претседател Доналд Трамп и Камала Харис. Иако беше прва претседателска дебата за потпретседателката Харис, повеќето медиуми, како и гласачи на конзервативната телевизија „Фокс њуз“, сметаат дека Харис повешто и поцврсто настапи на дебатата. Ова беше првата дебата откако Џо Бајден се повлече од претседателската трка по […]

Изменето обвинението против Трамп за поткопување на изборите

28 август 2024

Обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во врска со неговото поткопување на претседателските избори во 2020 година, претрпеа промени, пренесува Би-би-си. Суштината на обвинението останува во голема мера исто. Промените во него се обид да се заобиколи неодамнешната контроверзна одлука на Врховниот суд, со која им се дава многу поширок имунитет на поранешни американски […]

Втор ден на Демократската национална конвенција: Барак и Мишел Обама ја енергизираа публиката

21 август 2024

Вториот ден на Демократската национална конвенција продолжи со истата енергија од првиот ден. Меѓу говорите кои се истакна беа тие на Барак и Мишел Обама, Берни Сандерс и Стефани Гришам, пренесуваат Гардијан и „Асошиејтед прес“. Поранешниот претседател Барак Обама со оптимистички став ја поддржа демократската кандидатка за претседател Камала Харис. Тој и поранешната Прва дама […]

Бајден ги повика граѓаните да гласаат за Харис во оптимистички говор

20 август 2024

Само еден месец откако американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека ја повлекува својата кандидатура за претседател и ја предава штафетата на потпретседателката Камала Харис, тој одржа оптимистички говор на  Демократската национална конвенција (ДНЦ), пренесува Гардијан. Бајден цврсто застана зад Харис, апелирајќи на публиката да гласа за неа за да се „заштити демократијата“. „Верувам дека напредокот […]

Гугл: Иран се обиде да ги хакира кампањите на Трамп и Бајден-Харис

15 август 2024

Според нов извештај објавен од технолошката компанија Гугл, имало напори од ирански хакери да ги таргетираат кампањите на Трамп и Бајден-Харис во мај и јуни, како дел од поголема тековна операција на „фишинг“ напади, пренесува Ен-би-си. Извештајот на Гугл беше објавен само неколку дена откако кампањата на Трамп соопшти дека била мета на хакерски напад […]

Илон Маск објави дипфејк видео од Камала Харис што ги крши правилата на „Х“

30 јули 2024

Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа „Х“, Илон Маск, на својата платформа објави дипфејк видео од демократската кандидатка за претседателските избори во САД, Камала Харис. И покрај тоа што ја поседува оваа социјална мрежа, се чини дека објавата на Маск ги прекршува политиките на платформата против синтетичките и манипулативни содржини, пишува „Врџ“. Во видеото што […]

Камала Харис обезбеди поддршка за кандидат за претседател

23 јули 2024

Кампањата на Камала Харис соопшти дека обезбедила поддршка од доволно голем број делегати од Демократската партија за да биде номинирана за официјалниот кандидат на својата партија на претстојните претседателски избори во САД во ноември, пренесува Гардијан. Таа ќе биде официјално номинирана за демократскиот кандидат за претседател на Демократската национална конвенција (ДНК) во август. „Кога ја […]

Демократи излегуваат со поддршка за Камала Харис, откако Бајден се откажа од претседателската трка

22 јули 2024

Проминентни членови на Демократската партија во САД излегоа со јавна поддршка за претседателската кампања на потпретседателката Камала Харис откако претседателот Џо Бајден соопшти дека тој нема да се кандидира за претседател на претстоечките избори во ноември и дека ја поддржува Харис, пренесуваат Би-би-си и Си-ен-би-си. Меѓу тие кои ја поддржа кампањата, официјално преименувана во „Харис […]

Бајден: Само Бог би можел да ме убеди да се откажам од претседателската трка

6 јули 2024

Американскиот претседател повторно потврди дека тој ќе биде кандидатот на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесуваат Гардијан и Би-би-си. „Ако семоќниот Бог се симне и ми рече ‘Џо, откажи се од трката’, само тогаш би се откажал. Ама семоќниот Бог нема да се симне“, изјави Бајден. Оваа изјава доаѓа по лошиот настап […]

Бајден потврдува дека останува во претседателската трка

4 јули 2024

Американскиот претседател Џо Бајден потврди дека ќе биде кандидатот за претседател на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесува Би-би-си. Оваа изјава доаѓа по лошиот настап на Бајден на претседателската дебата против Доналд Трамп, на која 81-годишниот кандидат често изгледаше збунето, а многу од неговите реченици беа и тешки за следење. По дебатата […]

Трамп е прогласен за виновен по сите точки во првиот кривичен случај против еден американски претседател

31 мај 2024

Доналд Трамп е прогласен за виновен по сите 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за замолчување, со цел да се влијае на исходот од претседателските избори во САД во 2016 година. Пресудата беше донесена откако поротата помалку од 12 часа расправаше во првото кривично судење против еден американски претседател, јави Гардијан. Ова претставува […]

Фејсбук и Инстаграм ќе ги означуваат видеата и фотографиите изменети со вештачка интелигенција

6 април 2024

Технолошката компанија „Мета“ – сопственик на Фејсбук и Инстаграм, вчера најави големи промени во своите политики за дигитално создадени и изменети содржини, пред изборите кои ќе ја тестираат нејзината способност да ги контролира измамничките содржини генерирани од технологиите за вештачка интелигенција. Како што пренесе Гардијан, „Мета“ во мај ќе започне со примена на етикетите „Направено […]

Ники Хејли се откажа од претседателската трка во САД, засега не го поддржува Трамп

7 март 2024

Кандидатката за републиканскиот претставник на претстојните претседателски избори во САД Ники Хејли денеска најави дека се повлекува од претседателската трка, пренесува Си-ен-ен. Ова известување доаѓа ден по „Супер Вторник“, односно денот на кој се гласа во 15 американски држави за кандидат за претседател истовремено. Нејзиниот противкандидат Доналд Трамп победи во 14 од 15 држави, а […]

Страна 1 од 3