fbpx

Американскиот Врховен суд може да ги реши претседателските избори догодина

Обидот на поранешниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа сега е загрозен од две реченици додадени во Уставот на САД пред 155 години, пишува Асошиејтед прес

-

„Врховниот суд на САД може да ги реши изборите во 2024. Еве како“, објави Си-ен-ен. „Уставната клаузула потив бунт ја загрозува кампањата на Трамп. Еве како се одвива случајот“, пишува Асошиејтед прес (АП). „Демократите продолжуваат да се надеваат дека се спушта завесата за Трамп. Тој сè уште е во центарот на вниманието“, објави Њујорк тајмс.

Ова се само дел од насловите во американските медиуми кои ја анализаираат последната одлука на на Врховниот суд на сојузната држава Колорадо, кој пресуди дека Доналд Трамп, нема уставно право да се кандидира за претседател во 2024 година. Според судот, тоа е поради неговата улога во насилствата од 6 јануари 2021 година што е спротивно на 14-от амандман од Уставот на САД, кој предвидува оние што ќе бидат дел од бунт против државата да немаат право на јавни функции.

Обидот на поранешниот претседател Доналд Трамп да се врати во Белата куќа сега е загрозен од две реченици додадени во Уставот на САД пред 155 години, се вели во првата реченица на пообемната анализа која ја објави агенцијата АП.

Тие додаваат оти ова е прв пат во историјата да се користи оваа одредба за да му се забрани некому да се кандидира за претседател на САД. Врховниот суд најверојатно ќе го има последниот збор за тоа дали пресудата ќе важи.

Ако тоа се случи – за што многу правни експерти велат дека е малку веројатно – тоа ќе значи крај на кампањата на Трамп бидејќи одлуката на Врховниот суд ќе се применува не само во Колорадо, туку и во сите сојузни држави. Тоа, исто така, може да отвори нов свет на политичка борба, бидејќи политичарите во иднина ќе бараат судски пресуди за да ги дисквалификуваат нивните ривали според истата одредба, пишува АП.

Си-ен-ен, пак во својата анализа вели дека Врховниот суд на САД стана крајната сила на претседателските избори во 2024 година, затоа што судиите се соочуваат со неколку спорови околу судбината на фаворитот на Републиканската партија.

Судиите сега ќе треба брзо да одредат дали поранешниот претседател воопшто има право да биде на гласачкото ливче догодина и дали е имун на гонење од специјалниот советник Џек Смит. Двете контроверзии произлегуваат од напорите на Трамп да го отфрли резултатот од изборите во 2020 година што доведе до упад во американскиот Капитол на 6 јануари следната 2021 година.

Во Колорадо, мнозинство од 4 спрема 3 во државниот Врховен суд во вторникот пресуди дека Доналд Трамп нема уставно право да се кандидира за претседател во 2023 година во оваа сојузна држава.

„Претседателот Трамп поттикна и охрабри употреба на насилство и незаконски дејствија за да се наруши мирниот трансфер на власта“, напишаа судиите во мислењето на мнозинството од 134 страници.

Очекувајќи ја жалбата на Трамп, судиите во Колорадо ја паузираа својата пресуда до 4 јануари. Откако Трамп неизбежно ќе побара од судиите да ја разгледаат пресудата, анализира Си-ен-ен, паузата на судот во Колорадо ќе биде продолжена додека највисокиот суд на нацијата не објави дали ќе го преземе случајот – и ако го направи тоа, додека не ја донесе својата конечна одлука. Тоа значи дека американскиот Врховен суд би можел да одреди што ќе се случи на општите избори.

Њујорк Тајмс, пак, пишува оти Демократите се надеваат дека американските институции ќе го спречат Трамп, кого тие го сметаат за смртна закана за демократијата.

Либералните надежи годинава се поттикнати од федералните и државни обвинители кои поднесоа 91 обвинение за кривични дела против Трамп во четири кривични случаи.

Сепак, оптимизмот на демократите е обоен со трепет, пишува Њујорк Тајмс, поради конзервативното мнозинство на Врховниот суд, каде тројца од судиите се назначени токму од Трамп.

Сепка, како што потсетува АП, тоа не мора да значи ништо особено.

Секогаш е опасно да се обидете да предвидите одлука на Врховниот суд. Високиот суд се состои од шест судии назначени од републиканците, вклучително и тројца номинирани од самиот Трамп. Тешко е да се предвиди како поединечните судии ќе одлучат, само врз основа на нивната идеологија, пишува АП.

Некои од најсилните застапници за користење на 14-от амандман против Трамп беа истакнати конзервативни правни теоретичари и адвокати кои тврдат дека судовите треба да ги следат вистинските зборови на Уставот. Овде, тврдат тие, нема простор за мрдање – Трамп е очигледно дисквалификуван, се вели во анализата на АП.

Седумте судии на високиот суд во Колорадо беа назначени од демократите. Но, тие гласаа 4 наспрема 3 при оваа одлука. Мнозинството ја цитираше пресудата на Нил Горсух, еден од конзервативните избраници на Трамп во Врховниот суд, од времето кога тој беше федерален судија во Колорадо. Тогаш тој пресуди дека државата правилно му забранила на натурализираниот граѓанин роден во Гвајана од претседателското ливче бидејќи не ги исполнувал уставните квалификации. Поточно, не бил роден во САД.

Сепак, судиите често се неволни околу прашањето дали да го ограничат изборот на гласачите. Има дури и термин за тоа – „политичко прашање“, дали правниот спор подобро го решаваат луѓето што гласачите ги избрале да ги донесуваат законите отколку неизбраните судии. Тоа е една од причините зошто сите други тужби врз основа на 14-от амандман досега пропаднаа, заклучува АП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...