Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис и поранешниот амбасадор на Oбединетите Нации, Ники Хејли, постојано се обвинуваа меѓусебно во републиканската претседателска дебата организирана од Си-Ен-Ен на Универзитетот Дрејк во Де Мојн, Ајова, пренесе Ројтерс.
Но, со оглед на тоа што поранешниот претседател Доналд Трамп отсуствуваше од дебатата, двајцата ривали се препукуваа меѓусебно.
„Не ни е потребна уште една замолчена политичарка која ви го кажува она што таа мисли дека вие сакате да го слушнете, во обид да го добие вашиот глас“, рече ДеСантис.
Хејли се осврна на веб-страницата што ја создаде во нејзината кампања за да ги документира, како што рече, лагите на Десантис и во еден момент го нарече „очаен“.
Поранешниот претседател Трамп ја имаше поддршката на 49 отсто од републиканците во анкетата на Ројтерс/Ипсос која беше објавена во средата, што е значително повеќе од 12-те отсто на Хејли.
Трамп по петти пат ја прескокна дебатата. Таа се одржа само неколку часа откако поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, жесток критичар на Трамп, објави крај на сопствената претседателска кампања откако доби мала поддршка од републиканските гласачи.
„Попрво би изгубил кажувајќи ја вистината, отколку да лажам за да победам“, ѝ кажа Кристи на публиката во градското собрание во Виндхам.
И Хејли и ДеСантис на дебатата покажаа критицизам кон Трамп, кога беа прашани дали нестабилниот поранешен претседател има капацитет да биде претседател.
„Се согласувам со многу од неговите политики, но неговиот начин не е мој начин“, рече Хејли.