fbpx

Русија ги засилува воздушните напади врз Украина, погоден хотел во Харкив

Во последните две седмици Русија ги засилува своите воздушни нападни врз Украина а украинските власти соопштија дека десетици цивили загинале по напади од беспилотни летала и проектили

-

Два руски проектили вчера погодија хотел во Харкив, Украина при што беа повредени 11 лица меѓу кои и 3 турски новинари.

Фотографиите од украинската државна служба за вонредни состојби покажуваат дека хотелот е оштетен и дека пожарникарите се на местото на настанот, соопшти Би-би-си.

Во последните 2 недели, Русија ги засилува своите воздушни нападни врз Украина, а украинските власти соопштија дека десетици цивили загинале по напади од беспилотни летала и проектили.

Градот Харкив, на само 30 километри од руската граница, претрпува голема штета од руските воздушни напади откако претседателот Владимир Путин ја започна инвазијата на Украина во февруари 2022 година.

Во последниот напад, 9 повредени биле пренесени во болница, меѓу кои и еден 35-годишен маж во тешка здравствена состојба, објави гувернерот на својот Телеграм канал. Оштетени биле неколку куќи и автомобили.

Рускиот град Белгород, 74 километри северно од Харкив, бил погоден од украински ракети и беспилотни летала на 30 декември, при што руските власти велат дека биле  убиени 25 цивили, а кратко по тоа преместуваат стотици деца од Белгород во летни кампови подалеку од Украина за тринеделен престој каде ќе им се придружат и наставниците.

Во меѓувреме, украинскиот претседателот Володимир Зеленски, при посетата на Литванија во средата, ги повика западните сојузници да обезбедат повеќе оружје за противвоздушна одбрана.

„Она што ни недостасува најмногу се системи за воздушна одбрана”, изјави тој.

Во последниве денови, украинскиот лидер одржа интензивни разговори со западните сојузници со цел одржување на виталните испораки на оружје.

Со оглед на тоа што Русија сега е посветена на многу поголеми воени инвестиции, земјите на НАТО се обидуваат да го зголемат производството на артилериски гранати и други оружја.

По видео конференцијата со украинската влада во средата, НАТО соопшти дека има планови да обезбеди „милиони евра дополнителнa помош“ за Украина оваа година.

 

 

 

 

 

ИзворBBc

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...