fbpx
Таг: претседателски избори во САД

таг: претседателски избори во САД

Неизвесен исход на изборите во САД, во некои сојузни држави ќе треба да се добројат гласовите добиени преку пошта

Победникот на претседателските избори во САД сѐ уште е неизвесен, бидејќи до сега ниту еден од двајцата кандидати - демократот Џо Бајден и републиканецот Доналд Трамп не успеаја да ги добијат неопходните 270 електорски гласа, кои им го гарантираат изборот за иден претседател на најмоќната држава во светот. Како што јавува „Гардијан“, изборните резултати во сојузната држава Висконсин се очекува...

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. - Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено одржување на изборите и ќе...

Трамп сака одложување на претседателските избори во САД закажани за ноември

На 96 дена пред одржување на американските претседателски избори, актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп преку твит посака одложување на изборите закажани за ноември до моментот кога американските граѓани ќе можат правилно, безбедно и сигурно да гласаат. „Со универзално гласање по пошта (а не гласање во отсуство, што е добро), изборите во 2020 година ќе бидат најизмамничките во историјата. Тоа...

ТикТокерите одговорни за слабата посетеност на митингот на Доналд Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја почна својата кампања за претстојните претседателски избори. И покрај реакциите од јавноста дека не е баш добра идеја да се одржи митинг во затворена просторија каде не може да се одржува физичка дистанца, Трамп смета дека тоа не е проблем бидејќи според него вирусот веќе слабеел во неговата држава. Пред настанот кој се одржа...

Бајден официјално стана демократски противкандидат на Трамп за изборите во ноември

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и официјално стана кандидат на Демократската партија за претстојните претседателски избори во САД што е планирано да се одржат во ноември. Тој објави дека ги добил потребните гласови на делегатите на Демократската партија, со што ја осигура неговата кандидатура и натпреварот со актуелниот американски претседател Доналд Трамп на претстојните избори. Бајден изјави дека му било...

Бајден и Сандерс главни претенденти за демократски кандидат на претседателските избори во САД

Поранешниот американски потпретседател, Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс се главните претенденти за претседателски кандидат на Демократската партија што ќе му се спротивстави на Доналд Трамп на претстојните претседателски избори во САД. По гласањето на синоќешниот „супер вторник“, Бајден успеа да го победи Сандерс во девет сојузни држави: Тексас, Масачусетс, Арканзас, Минесота, Тенеси, Оклахома, Алабама, Северна Каролина...

„Фејсбук“: Руската пропаганда ја виделе 20 милиони Американци

Околу 20 милиони Американци можеле на „Инстаграм“ да видат содржини креирани од руски оператори пред американските избори, објави „Фејсбук“. Податоците се изнесени во рамки на истрагата пред разузнавачкиот одбор на американскиот Сенат, за тоа како Русија ги користела социјалните мрежи за да се обиде да влијае на изборите во САД. Одборот ги сослуша претставниците на „Фејсбук“, „Твитер“ и на „Гугл“ во...

Зетот на Трамп денеска ќе сведочи пред Конгресот за улогата на Русија во изборите

Зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, денеска ќе биде сослушан од претставничкиот дом на Конгресот, во рамките на истрагата за евентуална вмешаност на Русија во претседателските избори во САД, соопшти Белата куќа. Како што јавуваат светските медиуми, за денеска е предвиден нов состанок на Комисијата за безбедност на претставничкиот дом на американскиот Конгрес, кој го...

Директорот на ЦИА до Трамп: Не чепкај го договорот со Иран и внимателно со Русија

Директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Бренан, го предупреди новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, дека ставањето крај на договорот меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран би било „катастрофално“ и „врв на глупоста“. Ваквиот став, Бренан го истакнува во интервју за „Би-би-си“, во кое исто така го советува Трамп да биде претпазлив во односите со...

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...