Бајден: Само Бог би можел да ме убеди да се откажам од претседателската трка

Изјавата на американскиот претседател доаѓа по лошиот настап на дебатата против Трамп, на која Бајден на моменти изгледаше збунето и даваше некохерентни одговори

-

Американскиот претседател повторно потврди дека тој ќе биде кандидатот на Демократската партија на претстојните претседателски избори во ноември, пренесуваат Гардијан и Би-би-си.

„Ако семоќниот Бог се симне и ми рече ‘Џо, откажи се од трката’, само тогаш би се откажал. Ама семоќниот Бог нема да се симне“, изјави Бајден.

Оваа изјава доаѓа по лошиот настап на Бајден на претседателската дебата против Доналд Трамп, на која 81-годишниот кандидат често изгледаше збунето, а многу од неговите реченици беа и тешки за следење.

Бајден призна дека неговиот настап на дебатата бил лош, но вели дека причината за тоа е премореност и лоша настинка.

По дебатата се поставија прашања околу менталната подготвеност на Бајден да биде претседател на САД. Неколку конгресмени од Демократската партија изразија сомнеж околу капацитетите на американскиот претседател, а уредничкиот колегиум на „Њујорк тајмс“ излезе со официјален став дека Бајден треба да го отстапи своето место за друг кандидат.

„Решавам когнитивен тест секој ден. Секој ден го правам тој тест – сè што правам е тест“, рече американскиот претседател во интервју со Џорџ Стефанопулос на „Еј-би-си њуз“.

Сепак, гафовите на Бајден не престануваат. Вчера, во аудио-интервју, тој кажа дека е горд што е „првата Афро-Американка потпретседател, по афро-американски претседател“.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...