fbpx
Таг: руска агресија

таг: руска агресија

Разнесена брана кај Херсон, постои опасност од катастрофални поплави

Во ноќниот напад во областа Херсон уништена е хидроелектраната лоцирана на реката Днипро, а оштетена е и браната во Нова Каховка. Водата веќе почнала да ги поплавува населените места. Во моментов се одвиваат евакуации низ целиот регион, а извештаите покажуваат дека над 16.000 луѓе се загрозени од поплавите. Како што пренесе Би-Би-Си, градот кој е под руска окупација, стана центар...

Русија тврди дека спречила украинска контраофанзива, Украина вели планот е таен

Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречила голема украинска контраофанзива во Донецкиот регион, тврдејќи дека убиле 250 украински војници и дека уништиле оклопни возила, пренесува Би-би-си. На ова руско тврдење засега нема официјален коментар од властите во Кијив, а руското соопштение не може да се потврди од независни извори. Сепак, украинската министерка за одбрана Хана Малиар на Телеграм потврди дека...

Русија со нови напади врз Украина, има загинати и повредени цивили

Во најновиот руски воздушен напад врз Украина биле употребени 15 крстосувачки ракети и 21 камиказе-дронови, информираат украинските вооружени сили. Сите се уништени од украинската противвоздушна одбрана, но остатоците од ракета повредиле две лица во Кијивскиот регион, а оштетени биле автомобили и куќи, пренесува Гардијан. Покрај нападите од воздух, руските сили изминатово деноноќие продолжиле и со гранатирања од земја на населените...

Повторно загинати и повредени од руските напади врз Кијив, Криви Рих, Запорижја и Харкив

Жителите на украинскиот главен град имаа уште една непроспиена ноќ поради 10-тиот по ред воздушен напад што го изврши Русија. Покрај во Кијив, воздушни напади имало и во други украински региони, а украинската противвоздушна одбрана успеала да сруши 16 дронови и три ракети „Калибр“, информира Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан. Утринските извештаи кои доаѓаат од...

Загинати цивили во Одеса, Запорижја и Херсон како последица на руските напади

Најмалку пет цивили загинаа како последица на руските напади врз украинските населени места изминатово деноноќие. Во приморскиот град Одеса била погодена индустриска инфраструктура, при што еден цивил загинал а двајца се повредени, јавува Укринформ. 68-годишен жител на градот Хулијаполе во регионот Запорижја загинал како последица на руското гранатирање, додека во Степнохирск тројца цивили биле повредени. Во овој украински регион за...

ДЕБАТА: Агресијата на Русија врз Украина во моментов е најголемата безбедносна закана

На Универзитетот „Американ Колеџ“ во Скопје денеска се одржа дебата со студентите на овој универзитет на темата „Зајакнување на источното крило на НАТО“, на која учествуваа чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, в.д. полскиот амбасадор Пјотр Висоцки, директорот на Словачката асоцијација за надворешна политика Томас Стразау, директорот на одделот за безбедносна политика и непрофилерација при Министерството за надворешни работи во Унгарија...

Русија повторно го ракетираше Кијив, остатоци од ракета паднаа во зоолошката градина

Украинскиот главен град повторно беше цел на руски воздушни напади, во кои најмалку три лица се повредени и погодена е зоолошката градина во Кијив, пишува Би-Би-Си. Украинските власти соопштија дека сите 18 проектили биле соборени од украинската противвоздушна одбрана, иако тие посочија дека проектилите биле испалени од повеќе правци истовремено од страна на руската војска. Сирените за воздушна опасност се...

Украина тврди дека освоила веќе окупирани територии кај Бахмут, Русија демантира

Украина вели дека успеала да поврати дел од веќе окупираните територии од Русија кај градот Бахмут, што е редок напредок по неколкумесечните успешни руски придобивки во источниот град во Донецкиот регион, јавува Би-би-си. Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар рече дека украинските сили напреднале два километри за една недела. Тврдењата сигнализираат промена на моментумот во Бахмут, кој руските сили...

Зеленски вели дека на Украина ќе ѝ треба време за да ја почне контраофанзивата

Володимир Зеленски, претесдател на Украина | Фото: Укринформ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Би-Би-Си изјави дека на неговата земја ќе ѝ треба повеќе време за да ја започне долгоочекуваната контраофанзива против руските сили, бидејќи нејзината војска ја чека испораката на ветената воена помош. Говорејќи во неговиот штаб во Кијив, претседателот Зеленски ги опиша украинските борбени бригади, од кои некои биле обучени од земјите на НАТО, како...

Франција ја повика ЕУ да го вброи „Вагнер“ во групата на терористички организации

Францускиот парламент едногласно усвои необврзувачка резолуција за да ги охрабри 27-те земји-членки на ЕУ да ја стават руската платеничка војска „Вагнер“ на официјалната листа на терористички организации, пренесува Гардијан. Велика Британија исто така се подготвува да го преземе истиот чекор во претстојниот период. „Каде и да работат, членовите на „Вагнер“ шират нестабилност и насилство“, рече пратеникот Бенџамин Хадад во францускиот...

Пендаровски: Го поддржуваме Специјалниот трибунал за казнивост на агресијата врз Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на онлајн самитот на лидери и шефови на влади на земјите-членки на Основачката група за формирање на Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател. „Денеска се одбележува 78-мата годишнина од крајот на катастрофалната Втора светска војна. Повоениот период создаде услови за длабока трансформација на светот...

Агресорот во улога на жртва: Путин вели дека Западот сака да ја уништи Русија

Денот на победата над фашизмот денеска беше подложен на нова злоупотреба од рускиот претседател Владимир Путин, во неговиот говор на воената парада во Москва. Тој рече дека е горд на руските војници кои учествуваат во она што тој го нарекува „специјална воена операција“ во Украина. Путин ги опиша украинските лидери како „неонацисти“, пишува Би-би-си. Путин во говорот рече дека само...

Русија со фосфорни бомби го гаѓа Бахмут во најновиот обид за окупација

Украинските власти објавија снимки од дрон, во кои се гледа дожд од бел фосфор над Бахмут како последица на користењето на фосфорна муниција при гранатирањето на руските сили. Би-би-си пишува дека користењето на оружјето со бел фосфор не е забрането, но неговата употреба во населби во кои има цивили се смета за воено злосторство. Користењето на фосфорни бомби е најновиот...

Пригожин гневен на руските генерали најави повлекување на платениците од Бахмут

Лидерот на руската платеничка војска Вагнер, Евгениј Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите војници од Бахмут до 10 мај, доколку не добијат муниција од руската војска, пишува Би-би-си. Тој упати директно обвинување до руските генерали, прашувајќи го началникот на рускиот генералштаб Валериј Герасимов и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу за тоа каде е муницијата за неговите...

„Дронови над Кремљ“: Украина негира дека сакала да го убие Путин, Русија бомбардира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги негираше обвинувањата на руските власти дека извршиле напад со дронови врз Кремљ, за кои официјална Москва тврди дека биле обид да се убие рускиот претседател Владимир Путин, пишува Би-Би-Си. „Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на нашата територија. Ние ги браниме нашите села и градови“, изјави претседателот Зеленски. Непроверени снимки кои кружат...

Македонија е 36-та земја која бара формирање Специјален трибунал за руската агресија во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска го информирал украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба дека Македонија одлучила да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина. Османи имал телефонски разговор со неговиот украински колега Кулеба, информираат од Министерството за надворешни работи. „Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата...

Над 20.000 руски војници загинати во Украина од декември лани

Повеќе од 20.000 руски војници загинале во Украина од крајот на декември 2022 година до денес, покажуваат проценките на САД, пренесува Би-би-си. Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека дополнителни 80.000 руски војници биле повредени, цитирајќи ја неодамна декласифицираната разузнавачка информација. „Рускиот обид за офанзива во Донбас, главно преку Бахмут, не успеа... Русија не...

Загинати цивили во руските гранатирања на Украина, во Купјанск погоден музеј

Едно лице загина, а 10 се повредени во руското гранатирање на локален музеј во градот Купјанск во Харкивскиот регион, јавува Гардијан. Ова населено место утрово било нападнато со ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300. Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше дека Русија како терористичка држава се користи со варварски методи. Зеленски информираше дека загинатиот цивил бил вработено лице во локалниот...

Европа гневна откако кинески дипломат зборуваше против суверенитетот на земјите од поранешен СССР

Европските земји бараат одговори од Пекинг откако кинески висок дипломат во Париз го доведе во прашање суверенитетот на поранешните советски републики, и тоа во коментари кои би можеле да ги поткопаат напорите на Кина да се смета за потенцијален посредник меѓу Русија и Украина, пишува Си-ен-ен. Официјални лица од Литванија, Латвија, Украина, Франција и од Европската Унија  возвратија против забелешките...

Украина добива нова воена помош од западните сојузници за одбрана од Русија

Два типа на системи за противвоздушна одбрана доби Украина од западните сојузници. Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ја потврди испораката на американскиот „Патриот“ и германскиот систем „Ирис-Т“. Заедно со нив, Данска и Холандија потврдија дека ќе испорачаат дополнителни 14 германски тенкови „Леопард 2“, додека САД најавија нова воена помош за Украина во висина од 325 милиони долари, пренесува...