fbpx

Повторно загинати и повредени од руските напади врз Кијив, Криви Рих, Запорижја и Харкив

Утринските извештаи кои доаѓаат од цела Украина говорат за загинати и повредени лица

-

Жителите на украинскиот главен град имаа уште една непроспиена ноќ поради 10-тиот по ред воздушен напад што го изврши Русија. Покрај во Кијив, воздушни напади имало и во други украински региони, а украинската противвоздушна одбрана успеала да сруши 16 дронови и три ракети „Калибр“, информира Антон Герашченко, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Гардијан.

Утринските извештаи кои доаѓаат од цела Украина говорат за загинати и повредени лица. Во Харкивскиот регион има еден загинат и двајца повредени цивили. Русија извршила ракетни напади изминатово деноноќие врз 17 населени места во овој украински регион, при што само во селото Цуркуну биле уништени или оштетени 15 куќи, пренесува Укринформ.

Под жесток ракетен напад изминатава ноќ бил и градот Криви Рих во централниот дел на Украина. Од Днипропетровската воена администрација информираат дека неколку експлозии одекнале во Криви Рих, при што била погодена и фабрика во која сериозно е повредена 64-годишна жена. Во неколку објекти се појавил пожар, а полесно било повредено уште едно лице.

Над 80 руски напади биле извршени врз населени места во регионот Запорижја. Едно лице било повредено во нападите врз 17 градови и села. Само во период од 24 часа, околу 25 цивилни објекти биле оштетени како последица на руското гранатирање, јавува Укринформ.

Во Херсонскиот регион регистрирани се 57 напади во текот на едно деноноќие, а руската војска испалила 287 ракети кон населените места. Двајца цивили биле повредени од руското гранатирање, а во градот Херсон биле погодени два болнички објекта и културен центар, пренесува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
free download udemy paid course
download lava firmware
Download WordPress Themes
online free course