fbpx

Загинати цивили во руските гранатирања на Украина, во Купјанск погоден музеј

Зеленски информираше дека загинатиот цивил бил вработено лице во локалниот музеј, а во моментов спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнати лица под урнатините на музејот

-

Едно лице загина, а 10 се повредени во руското гранатирање на локален музеј во градот Купјанск во Харкивскиот регион, јавува Гардијан. Ова населено место утрово било нападнато со ракети од систем за противвоздушна одбрана С-300. Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше дека Русија како терористичка држава се користи со варварски методи.

Зеленски информираше дека загинатиот цивил бил вработено лице во локалниот музеј, а во моментов спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнати лица под урнатините на музејот.

„Терористичката земја прави сè за да не уништи целосно. Нашата историја, нашата култура, нашите луѓе“, напиша Зеленски на Телеграм.

Во Харкивскиот регион загинал уште еден цивил изминатово деноноќие, како последица на руското гранатирање на населеното место Дворична во близина на Купјанск, јавува Укринформ.

Утрово пристигнуваат извештаи и за две загинати лица во Донецкиот регион како последица на руските воени дејствија. Двајцата загинати цивили се од градот Шахтарск, додека 13 лица биле повредени, пренесува Укринформ.

Инаку, Би-би-си ја пренесува информацијата дека украинските сили поставиле позиции на источниот брег на реката Днепар во јужниот регион Херсон. Доколку се покажат како точни ваквите извештаи за обезбеден премин, тоа би можело да биде значаен исчекор на украинските сили за да ја совладаат реката Днепар и да ги истиснат руските сили надвор од Херсонскиот регион.

Сепак, воените експерти за Би-би-си велат дека секое преминување на украински војници во областа на реката Днепар, би било тешка задача за совладување. Широката река претставува природна бариера меѓу руските и украинските сили, откако Украина успеа минатата есен да ги истисне руските сили од градот Херсон и останатите населени места од десната страна на реката Днепар.

Американскиот Институт за проучување на војната објави дека „геолокациските снимки објавени на 23 април покажуваат дека украинските сили дејствуваат во областите северо-западно од населеното место Олешки на источниот брег на Днепро“.

Украина засега не го потврдува движењето на украинските војници на левиот брег на реката Днепар, додека Русија ги негираше ваквите информации.

Во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана се наведува дека стапката на жртви во Русија во април опаднала со почетокот на подготовките за украинската контраофанзива. Бројот на дневни жртви што Русија ги трпи е намален за околу 30 отсто во април, пренесува Гардијан.

Ваквиот пад на бројот на загинати војници најверојатно се должи на крајот на зимската офанзива на Русија, која, како што се додава во извештајот, во голема мера не успеала.

Исто така, разузнавачкиот извештај вели дека Русија сега најверојатно ќе ги подготвува своите сили за најавената контраофанзива на Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...