fbpx

Украина добива нова воена помош од западните сојузници за одбрана од Русија

На Украина во континуитет и е неопходна воена помош по чинот на воена агресија од Русија којшто започна на 24 февруари минатата година

-

Два типа на системи за противвоздушна одбрана доби Украина од западните сојузници. Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников ја потврди испораката на американскиот „Патриот“ и германскиот систем „Ирис-Т“. Заедно со нив, Данска и Холандија потврдија дека ќе испорачаат дополнителни 14 германски тенкови „Леопард 2“, додека САД најавија нова воена помош за Украина во висина од 325 милиони долари, пренесува Гардијан.

Новата воена помош за Украина доаѓа откако украинските власти самите најавија дека ќе побараат повеќе оружје од меѓународните сојузници за време на денешната средба на воената група Рамштaјн.

На Украина во континуитет и е неопходна воена помош по чинот на воена агресија од Русија којшто започна на 24 февруари минатата година.

Руските напади со несмалено темпо секојдневно траат во Украина, а според последните извештаи на украинската војска само во текот на вчерашниот ден успеале да соборат 21 од вкупно 26 камиказе-дронови од иранско производство кои биле лансирани од Русија, пишува Укринформ.

Само во текот на изминатово деноноќие, Русија извршила 57 воздушни напади и три ракетни напади врз украински населени места. Предупредувањата за воздушни напади ноќеска беа активирани во градот Кијив и неговиот регион, како и во регионите Суми, Харкив, Днипро, Запорижја и Доњецк.

Би-би-си пишува за мистериозниот блесок на небото над Кијив што се случил синоќа во 22 часот по локално време. Украинската воена администрација потврди дека бил активиран алармот за противвоздушна опасност, но системот за противвоздушна одбрана не дејствувал. Украинските власти тврдат дека мистериозниот блесок е резултат на падот на вселенскиот сателит на НАСА на Земјата.

Сепак, Роб Маргета од Канцеларијата за комуникации на НАСА за Би-би-си изјави дека сателитот Rhessi сè уште бил во орбитата во моментот кога бил забележан блесокот над небото на украинскиот главен град и дека повторно ќе влезе во атмосферата на Земјината топка во текот на ноќта, односно дека истиот не паднал на Земјата.

Воената агресија врз Украина продолжува и на првите борбени линии, при што во Донецкиот регион загинал еден цивил, а двајца се повредени како резултат на руските воени дејствија, пренесува Укринформ. Жестоките борби продолжуваат во градот Бахмут, при што украинските сили тврдат дека ги држат под контрола своите позиции, и покрај континуираните напади од страна на руските сили.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...