fbpx

Русија повторно го ракетираше Кијив, остатоци од ракета паднаа во зоолошката градина

Украинските власти веруваат дека стратегијата на официјална Москва е да ги исцрпи системите за противвоздушна одбрана, кои беа исклучително успешни во пресретнувањето на најголемиот дел од испуканите проектили и беспилотни летала

-

Украинскиот главен град повторно беше цел на руски воздушни напади, во кои најмалку три лица се повредени и погодена е зоолошката градина во Кијив, пишува Би-Би-Си. Украинските власти соопштија дека сите 18 проектили биле соборени од украинската противвоздушна одбрана, иако тие посочија дека проектилите биле испалени од повеќе правци истовремено од страна на руската војска.

Сирените за воздушна опасност се огласиле околу 2:30 часот по полноќ во Кијив, а невообичаено силни експлозии се слушнале и во центарот на градот. Жителите на Кијив беа предупредени да се држат подалеку од прозорците, бидејќи остатоците од пресретнатите проектили паѓаат од небото.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека остатоци од ракети паднале во централните области, вклучително и во зоолошката градина во градот. Не биле повредени животни или работници во градината.

Најтешко е погодена областа Соломјански во Кијив, која го вклучува меѓународниот аеродром. Биле уништени автомобили и автобуси во воздушниот напад на руските сили.

Украинските власти веруваат дека стратегијата на официјална Москва е да ги исцрпи системите за противвоздушна одбрана, кои беа исклучително успешни во пресретнувањето на најголемиот дел од испуканите проектили и беспилотни летала.

Инаку, во најновиот разузнавачки извештај на британското Министерство за одбрана се вели дека во Бахмут и понатаму се водат интензивни воени дејствија. Додека трупите на платеничката војска на Вагнер во центарот на Бахмут имаат успех во чистењето на просторот, украинските сили напредувале јужно од Бахмут во контраофанзива, но исто така и североисточно од градот, пренесува Укринформ. Украинската војска со ваквиот успех успеала во изминативе четири дена да ја стабилизира состојбата во Бахмут со направениот напредок.

Во Донецкиот регион во изминатово деноноќие загинаа четири цивили како последица на руските воени дејствија. Убиените цивили се од градот Авдивка, додека тело на убиен цивил било екскумирано во Бородичне, јавува Укринформ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...