fbpx

„Дронови над Кремљ“: Украина негира дека сакала да го убие Путин, Русија бомбардира

Дури 23 цивили загинале, а 46 лица се повредени во вкупно 98 руски напади на населени места во Херсонскиот регион во изминатово деноноќие

-

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги негираше обвинувањата на руските власти дека извршиле напад со дронови врз Кремљ, за кои официјална Москва тврди дека биле обид да се убие рускиот претседател Владимир Путин, пишува Би-Би-Си.

„Ние не го напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на нашата територија. Ние ги браниме нашите села и градови“, изјави претседателот Зеленски.

Непроверени снимки кои кружат на Интернет покажуваат дека чад се издига над Кремљ, рано во средата. Објавеното видео покажува мала експлозија над зграда во Кремљ, додека две лица се чини дека се качуваат на куполата.

Од кабинетот на рускиот претседател соопштија дека Украина се обидела да изврши напад врз резиденцијата на Владимир Путин во Кремљ и го опиша настанот како „планиран терористички чин и обид за атентат врз претседателот“.

Сепак, украинските власти велат дека руските обвинувања се само изговор за масовни напади врз Украина, додека САД посочија дека ги третираат руските тврдења со голема претпазливост.

Русија изминатава ноќ продолжи со гранатирањето на украински градови. Експлозии се слушнаа во главниот град Кијив, Одеса и Запорижја. Украинската противвоздушна одбрана соопшти дека соборила 18 од 24 беспилотни дронови-камикази што Русија ги лансираше рано утро. Градската управа на Кијив соопшти дека се уништени сите проектили и беспилотни летала, кои по трет пат во последните четири дена ја таргетирале украинската престолнина. Нема информации за жртви.

Американската амбасада во Украина ги предупреди американските граѓани во земјата дека постои „тековна зголемена закана од ракетни напади, вклучително и во Кијив и Кијивската област“, пренесува Би-Би-Си.

Укринформ информира дека со зголемен интензитет продолжиле руските ракетирања врз украински населени места во близина на фронтот. Дури 23 цивили загинале, а 46 лица се повредени во вкупно 98 руски напади на населени места во Херсонскиот регион. Врз градовите и селата биле испалени 539 ракети, а самиот град Херсон бил гранатиран за еден ден вкупно 16 пати.

Во Херсон биле погодени со особена бруталност делот на плоштадот пред самата железничка станица и неговата околина. Поради големиот број на загинати цивили, украинските власти одлучија да воведат 56-часовен полициски час во градот, кој ќе започне од утре вечер. Жителите од овој град складираат вода за пиење и храна пред полицискиот час, додека дел од граѓаните ги испратиле своите најблиски членови на семејствата во други делови од Украина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕУ ги повика социјалните мрежи да ги означуваат содржините генерирани од вештачка интелигенција

Компаниите за социјални медиуми, вклучувајќи ги и Гугл и Фејсбук, беа повикани од ЕУ „веднаш“ да започнат со етикетирање на содржините и фотографиите генерирани од вештачка интелигенција, како дел...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Best WordPress Themes Free Download
Download WordPress Themes
ZG93bmxvYWQgbHluZGEgY291cnNlIGZyZWU=
download redmi firmware
Free Download WordPress Themes
free online course