fbpx

Франција ја повика ЕУ да го вброи „Вагнер“ во групата на терористички организации

Пратеникот Хадад дополни дека припадниците на „Вагнер“ не се само едноставни платеници кои се предводени во дејствувањето од „апетитот за пари“

-

Францускиот парламент едногласно усвои необврзувачка резолуција за да ги охрабри 27-те земји-членки на ЕУ да ја стават руската платеничка војска „Вагнер“ на официјалната листа на терористички организации, пренесува Гардијан. Велика Британија исто така се подготвува да го преземе истиот чекор во претстојниот период.

„Каде и да работат, членовите на „Вагнер“ шират нестабилност и насилство“, рече пратеникот Бенџамин Хадад во францускиот парламент во вторникот.

„Тие убиваат и мачат. Масакрираат и ограбуваат. Тие заплашуваат и манипулираат речиси неказнето“, изјави тој.

Пратеникот Хадад дополни дека припадниците на „Вагнер“ не се само едноставни платеници кои се предводени во дејствувањето од „апетитот за пари“, туку тие „следат широка стратегија од Мали до Украина за поддршка на агресивните политики на режимот на претседателот [Владимир] Путин кон нашите демократии“.

Во меѓувреме, жестоките борби во Бахмут продолжуваат. Новинарот на „Франс Прес“ Арман Солдин беше убиен во вчерашниот ракетен напад што се случил во близина на Шасив Јар во Донецкиот регион, пренесува Укринформ. Тој бил погоден во моментот кога новинарскиот тим на Франс-прес бил во придружба на украински војници.

Арман Солдин е 57-тиот медиумски работник кој загина во Украина како последица на руската воена агресија и 10-ти новинар кој е убиен од руските сили за време на известувањето од терен.

Во текот на изминатиот ден, како последица на жестоките борби околу градот Бахмут биле убиени 166 руски војници и 206 биле повредени, известува Укринформ. Позициите на украинските сили во околината на Бахмут во Донецкиот регион биле нападнати во 375 наврати, во текот на едно деноноќие.

Би-би-си во опширниот извештај од првите линии на фронтот во Бахмут пренесува дека украинските сили ги имаат под контрола само западните квартови од градот. Иако Украина со месеци се спротивставува на руските напори да го заземат Бахмут, руските сили контролираат најголем дел од градот, но нивната победа е пирова. Проценките се дека во досегашните борби биле убиени или повредени меѓу 20.000 и 30.000 руски војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...