fbpx

Русија тврди дека спречила украинска контраофанзива, Украина вели планот е таен

Украинската министерка за одбрана Хана Малиар на Телеграм потврди дека планот за почеток на контраофанзивата со сигурност нема да го објават во јавноста

-

Руското Министерство за одбрана соопшти дека спречила голема украинска контраофанзива во Донецкиот регион, тврдејќи дека убиле 250 украински војници и дека уништиле оклопни возила, пренесува Би-би-си. На ова руско тврдење засега нема официјален коментар од властите во Кијив, а руското соопштение не може да се потврди од независни извори.

Сепак, украинската министерка за одбрана Хана Малиар на Телеграм потврди дека планот за почеток на контраофанзивата со сигурност нема да го објават во јавноста пред истата да започне, пренесува Укринформ.

Би-би-си го пренесува соопштението на руското Министерство за одбрана дека Украина во неделата започнала „офанзива од големи размери“ во регионот на Донецк, користејќи шест механизирани и два тенковски баталјони.

Руската војска тврди дека Украинците се обиделе да ја пробијат руската одбрана во она што Кијив го сметаше за најранливиот дел од фронтот, но дека „не ги постигна своите задачи, немаше успех“.

Би-би-си пишува дека украинската влада треба да му покаже на народот и на западните сојузници оти може да ги пробие руските линии и повторно да заземе дел од нејзината суверена територија.

Утрово командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирскиј рече дека војниците „се движат напред“ кон Бахмут и дека уништиле руска позиција во близина на градот.

Во исто време, борците од Легијата на слободата на Русија кои се спротивставени на владата во Москва велат дека заробиле некои руски војници во Белгород, во близина на границата со Украина.

Тврдењето го даде Легијата на слободата на Русија во заедничка изјава со Рускиот волонтерски корпус.

Двете групи сакаат да го соборат претседателот Владимир Путин. Тие се противат на целосната инвазија на Украина што тој ја започна во февруари минатата година.

Гувернерот на рускиот регион Белгород, Вјачеслав Гладков одговори дека се согласил да се сретне со киднаперите ако војниците се живи. Но, борците подоцна рекоа дека гувернерот „не нашол храброст“ да се сретне со нив и дека ќе ги предадат своите заробеници на Украина.

Русија ја обвини Украина за неодамнешните напади на нејзините погранични територии, но властите во Кијив негираат дека се директно вмешани.

Властите во Белгород соопштија дека енергетската централа била запалена по нападот со дрон во понеделникот наутро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...