fbpx

Пендаровски: Го поддржуваме Специјалниот трибунал за казнивост на агресијата врз Украина

Пендаровски порача дека употребата на сила од страна на Русија против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е акт на агресија со јасно кршење на член 2 став 4 од Повелбата на ОН и бесрамен предизвик за меѓународниот правен поредок

-

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на онлајн самитот на лидери и шефови на влади на земјите-членки на Основачката група за формирање на Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина, информираат од Кабинетот на македонскиот претседател.

„Денеска се одбележува 78-мата годишнина од крајот на катастрофалната Втора светска војна. Повоениот период создаде услови за длабока трансформација на светот во меѓународен правен поредок со либерални вредности и ефективни меѓународни институции. Сите генерации на повоени европски политичари беа уверени дека нашиот континент никогаш повеќе не треба да биде сведок на ваква страшна трагедија. За жал, овој Самит се одржува во време на невидени предизвици за безбедносната архитектура на Европа, поттикнати од нелегалната инвазија на Русија врз Украина“, изјави претседателот Пендаровски.

Употребата на сила од страна на Русија против суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина е акт на агресија со јасно кршење на член 2 став 4 од Повелбата на ОН и бесрамен предизвик за меѓународниот правен поредок, рече тој.

Македонскиот претседател ја истакна важноста за постоење на независен и ефективен Меѓународен кривичен суд. Очигледно е дека мора да се обезбеди целосна одговорност за воените злосторства и сите други злосторства поврзани со војната на Русија, вклучително и одговорност за злосторствата на агресија, порача Пендаровски.

„Целосно ја поддржуваме Заедничката изјава за формирање на Специјалниот трибунал како меѓународен механизам кој има за цел да ги гони злосторствата на агресија извршени од страна на Руската Федерација против Украина. Нашата земја се приклучи кон групата и го поддржува формирањето на Специјален трибунал кој ќе ги истражува и гони сите злосторства на агресија и да ги изведе сторителите пред лицето на правдата согласно меѓународното право“, порача Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...