Нагазни мини плутаат во поплавените населени места во Украина

Зеленски истакна дека без спасувањето на цивилите и обезбедувањето на вода за пиење, храна или лекови, невозможно е да се знае колку луѓе ќе загинат

-

Уривањето на големата брана во Херсон на југот на Украина ќе има катастрофален ефект врз лоцирањето на нагазни мини, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст, пренесе Би-би-си.

Ерик Толефсен, шеф на Единицата за контаминација со оружје на Црвениот крст, предупреди дека мините расфрлани во поплавата предизвикале голема загриженост не само за жителите на Херсон, туку и за оние кои доаѓаат да помогнат.

„Знаевме каде се опасностите, сега не знаеме. Само знаеме дека се некаде низводно“, изјави тој.

Наталија Хуменјук, портпаролка на јужната воена команда на Украина, изјави за украинската телевизија дека „многу противпешадиски мини, во областите заземени од Русите, сега станале пловечки мини“.

„Тие се многу опасни“, рече таа, објаснувајќи дека најверојатно ќе експлодираат доколку се судрат со нешто.

„Конфликтните страни не го соопштија бројот на мини што ги поставија. Знаеме само дека бројката е огромна“, предупреди Толефсен.

Претседателот Володимир Зеленски ја обвини меѓународната заедница дека не реагира доволно брзо. Тој, во своето ноќно обраќање, рече дека на Украина ѝ треба јасен и брз одговор.

Зеленски истакна дека без спасувањето на цивилите и обезбедувањето на вода за пиење, храна или лекови, невозможно е да се знае колку луѓе ќе загинат и ги обвини меѓународните организации како Црвениот крст дека ја губат способноста да спасуваат животи.

Светската банка понуди да спроведе брза проценка на штетите и најитните потреби на Украина. Организацијата веќе пресмета дека повеќе од 400 милијарди долари ќе чини обновата на уништената економија на Украина.

Пробивањето на браната, губењето на најголемиот резервоар во земјата и влијанието врз земјоделството на голема површина од витално обработливо земјиште значително ќе влијаат на зголемување на финансиските штети предизвикани врз Украина.

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на лице место...

АНАЛИЗА: Скоро 10.000 слободни работни места, се отвора „патот“ за вработувања на странци и на сезонци

Пред пратениците две законски решенија – легализација на работа на странци со и без квоти и вработувања на сезонски работници. Целта е да се поедностават процедурите за вработувања на оваа категорија...

Илјадници граѓани протестираа во Скопје: „Доста бевме ние, системот е следен!“

„Доста бевме ние, системот е следен!“ - одекнуваше денеска во центарот на Скопје каде и покрај дождот илјадници граѓани излегоа да го покажат својот револт и да побараат правда за 59...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Пукање во Центарот за социјални работи во Прилеп, повредена вработена

Едно лице е повредено со истрели од огнено оружје во Центарот за социјални работи во Прилеп, информираше Јавното обвинителство, од каде велат дека дежурен јавен обвинител извршил увид на...