fbpx

Најмалку четири цивили загинаа во рускиот ракетен напад врз Лвив

Украинските власти стравуваат дека има уште лица кои се наоѓаат под урнатините на станбената зграда, при што во моментов спасувачките екипи работат на терен за нивно пронаоѓање

-

Рускиот ракетен напад врз станбена зграда во Лвив уби најмалку четворица цивили, а уште 32 лица се повредени, пренесува Би-би-си. Градоначалникот на Лвив, Андриј Садовиј информира дека сериозни оштетувања претрпеле најмалку 60 домови, а неколку покриви на згради биле уништени. Училиште и студентски дом биле исто така оштетени во рускиот напад врз градот лоциран во западниот дел на Украина.

Украинските власти стравуваат дека има уште лица кои се наоѓаат под урнатините на станбената зграда, при што во моментов спасувачките екипи работат на терен за нивно пронаоѓање.

Претседателот Володимир Зеленски по рускиот напад изјави дека Украина соодветно ќе одговори на извршениот напад.

Досегашните информации говорат дека ракета „Калибр“ која што ја погодила станбената зграда во Лвив била лансирана од руските сили од Црното море.

Властите соопштија дека украинската противвоздушна одбрана изминатава ноќ соборила седум од 10 руски ракети „Калибар“ коишто биле лансирани кон украинските населени места.

Русија со месеци наназад изведува смртоносни напади врз цивилни цели во Украина. Минатата недела 13 лица загинаа во ракетен напад врз ресторан и трговски центар во градот Краматорск.

Освен денешниот напад врз Лвив, украинските власти регистрирале и постојано гранатирање на населени места во Херсонскиот регион. Руските сили испалиле 430 проектили во изминатово деноноќие, при што загинале двајца цивили и 10 лица биле повредени, јавува Укринформ.

Русите извршиле гранатирања врз населени места и во регионите Запорижја, Донецк и Днипропетровск, каде се регистрирани уништувања на цивилни објекти и најмалку пет цивили биле повредени, информираат украинските власти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...