fbpx

Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, цивилни жртви има секој ден

Загинати и повредени цивили во изминативе 24 часа има во регионите Донецк, Херсон и Запорижја

-

Русија продолжува со ракетните напади врз населени места во Украина, при што во изминатово деноноќие се регистрирани нови цивилни жртви. Најмалку две лица загинаа во Донецкиот регион како резултат на руските гранатирања во населените места Дружба и Костиантинивка, јавува Укринформ.

Руската армија во 72 наврати го ракетирала Херсонскиот регион изминатово деноноќие, при што две лица биле убиени, а уште осум цивили се повредени. Во изминативе 24 часа врз населените места во овој регион биле истрелани 345 ракети, пренесува Укринформ.

Ракетирање врз 18 населени места во регионот Запорижја било регистрирано во изминатово деноноќие. Руските сили во 87 наврати истрелале ракети, при што биле повредени четворица цивили, јавува Укринформ.

Инаку, по почетокот на украинската контраофанзива за ослободување на окупираните територии од Русија, силите на Кијив ги зајакнуваат позициите до кои стигнаа во областите на јужната линија на фронтот, откако постигнаа „делумен успех“ во борбите со руските сили, информираат од украинскиот генералштаб, пренесува Гардијан.

„Тие имаа делумен успех во насоките Новоданиливка – Роботине, Мала Токмачка – Вербове, Вилне Поле – Макаривка, тие се консолидираат на постигнатите граници“, информираат од украинскиот генералштаб.

Исто така, Украина се бори да го спречи напредувањето на руските трупи на исток, со „особено тешки борби“ кои се водат покрај Лиман во регионот на Донецк.

Британското Министерство за одбрана во најновиот разузнавачки извештај наведува дека интензивните борби продолжуваат во делови на јужна Украина. Меѓутоа, во текот на изминативе недели, Русија продолжи да троши значителен напор градејќи одбранбени линии длабоко во задните области, особено на приодите кон окупираниот Крим.

Ова вклучува широка одбранбена зона во должина од 9 километри, 3,5 километри северно од градот Армјанск, на тесниот копнен мост што го поврзува Крим со регионот Херсон. Русија продолжува да го гледа одржувањето на контролата на полуостровот како главен политички приоритет, се наведува во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...