Тиктокер со 400.000 следачи лажел во видеата дека е руски војник, а всушност бил продавач на храна

На крајот всушност било откриено дека тој успеал да продаде продукти од својата онлајн продавница како што се млеко во прав и мед увезени од Русија 

Фото: Принтсктин од видео

Човекот кој на кинескиот TикТок тврдеше дека е оперативец на руските специјални сили, беше суспендиран од платформата во саботата, откако беше откриено дека тој е маж во провинцијата Хенан, кој се обидувал да продава производи преку Интернет. Тој себеси се нарекол Баоер Кечати (Baoer Kechatie) и имал околу 400.000 следбеници на Дауин (Douyin), која е всушност кинеската верзија на ТикТок, пренесе Инсајдер.

„Некои профили објавуваа видеа, тврдејќи дека се од Русија и дека се војници во војна. Во тоа време тие ширеа лажни информации како видеа од бојното поле, со цел да привлечат внимание“, објавија од Дауин во саботата.

Тиктокерот објавуваше во своите видеа дека е чеченски војник кој е распореден на линијата на фронтот во Украина, дека ги победил американските маринци и дека зел пиштол М1911 од нив. Да појасниме, во моментов нема активни американси маринци кои се борат во војната, пишува Инсајдер.

Oблечен во војничка јакна Баоер се пофалил дека помогнал да биде заземена територија во Украина. Тој во видета го маскира лицето со лажни филтри за да го сокрие својот идентитет. Гласот на различни видеа му е различен, што покажува дека користел и модификатор за глас.

Како што растела славата на Баоер, неговите следачи забележале дека Ај-Пи адресата е од провинцијата Хенан. На крајот всушност било откриено дека тој успеал да продаде продукти од својата онлајн продавница како што се млеко во прав и мед увезени од Русија.