fbpx

Украинските сили напредуваат кон Новопрокопивка, соборен дрон над Москва

Тие се движат во правец кон Мелитопол, а крајната цел на украинските сили е да се пробијат кон Азовското море

-

Откако го освоија селото Роботине пред неколку дена, украинските сили напредуваат кон селото Новопрокопивка во регионот Запорижја, информираа од украинскиот Генералштаб. Тие се движат во правец кон Мелитопол, а крајната цел на украинските сили е да се пробијат кон Азовското море, пренесува Гардијан.

Од друга страна, украинскиот Генералштаб информира дека Русија концентрирала 110.000 војници во правецот Лиман-Купјанск, а има акумулирано и воена опрема. Жестоки борби се водат и во овој правец, при што украинскиот генералштаб потенцира дека кон нив се истрелуваат и по десетици илјади проектили, а главната цел на руските сили е да напредуваат, јавува Укринформ.

Руската противвоздушна одбрана соборила беспилотно летало што се приближило кон Москва во четвртокот наутро, напиша градоначалникот на градот, Сергеј Собјанин на апликацијата за пораки Телеграм.

Руските медиуми објавија дека повеќе од 40 летови биле одложени во четвртокот наутро на аеродромите во главниот град Внуково и Домодедово, цитирајќи веб-страница за следење летови, пренесува Гардијан.

Аеродромите во Москва во изминатите недели постојано ги суспендираа летовите поради, како што рекоа руските власти, напади со украински беспилотни летала врз градот.

Претходно, Русија соопшти дека соборила два украински беспилотни летала во нејзиниот јужен регион Брјанск, еден ден откако беспилотни летала погодија цели во најмалку шест региони длабоко во Русија.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај посочува дека руската противвоздушна одбрана се бори да открие и уништи украински дронови лансирани на нејзина територија.

Во својата најнова разузнавачка проценка, Министерството за одбрана вели дека нападите со украински беспилотни летала во средата биле „најголемиот напад врз Русија од почетокот на конфликтот“, додека таа доживеала 25 напади со беспилотни летала само во текот на август.

„Русија веројатно ја преиспитува својата позиција за противвоздушна одбрана во областа меѓу Украина и Москва за подобро да се справи со овие напади“, соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...