fbpx

Русија по шести пат месецов го нападна Кијив со дронови

Медиумите јавуваат за неколку загинати и повредени лица во изминатово деноноќие како последица на руската агресија врз Украина

-

Две лица се повредени во најновиот руски напад со дронови врз Кијив. Едно беспилотно летало погодило станбена зграда во населбата Соломјански, предизвикувајќи пожар на горните катови, пренесува Гардијан. Кијивскиот градоначалник Витали Кличко соопшти дека противпожарни екипи и екипи за итна помош интервенирале на местото на нападот.

Станува збор за шести напад по ред со дронови на Русија врз украинскиот главен град во изминатиов месец. Украинските власти информираат дека делови од дрон запалиле куќа во областа Дарницки во Кијив, додека фрагменти од друго беспилотно летало паднале врз станбен објект во населбата Холосивски.

Украина тврди дека во досегашната воена инвазија, Русија за период од 22 месеци лансираше околу 7.400 проектили и 3.700 дронови од иранско производство врз цели во Украина. Притоа, украинската противвоздушна одбрана успеала да собори 1.600 проектили и 2.900 беспилотни летала, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили Јуриј Ихнат.

Во меѓувреме, борбите на првите линии од фронтот продолжуваат без прекин. Укринформ јавува дека најмалку едно лице загинало во руските напади во изминативе 24 часа. Русија извршила напади во 117 наврати, при што биле повредени две лица.

Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени при гранатирањето на градот Торецк во Донецкиот регион, каде што се наоѓаат капацитети за ископ на јаглен, пренесува весникот Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Песните на изведувачите од „Јуниверзал“ се враќаат на ТикТок

Музиката на изведувачите под крилото на мултинационалната музичка корпорација „Јуниверзал Мјузик“ (Universal Music) ќе се врати во ТикТок откако двете страни склучија нов договор за компензација на артистите по...