fbpx

Рама го замолчи рускиот амбасадор во ОН: Прекинете ја војната во Украина и Зеленски нема да зборува

По седницата на Советот на безбедност, Володимир Зеленски јавно му се заблагодари на Еди Рама, посочувајќи дека му покажал на светот како правилно да се справи со Русија, нејзините лаги и лицемерие

-

Рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја синоќа беше замолчен од албанскиот премиер Еди Рама на почетокот од состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации. Небензја му се спротивстави на Рама, кој претседаваше со состанокот, во моментот кога Рама му даде збор на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во однос на давањето збор на Зеленски, рускиот амбасадор ја укори Албанија, односно албанскиот премиер Еди Рама, велејќи дека покажува отворено непочитување на практиките на Советот.

На ова Еди Рама му одговори на рускиот амбасадор:

„Бидејќи многу пати повторивте дека прекршувањето е затоа што претседателот Зеленски зборувал пред членовите на Советот, има решение за ова, ако се согласувате. Прекинете ја војната и претседателот Зеленски нема да зборува. Она што Зеленски го прави важен тука, да зборува тука пред нас, а потоа и да го дискутираме тоа што го кажал произлегува токму од вас, а не од наша страна“.

По седницата на Советот на безбедност, Володимир Зеленски јавно му се заблагодари на Еди Рама, посочувајќи дека му покажал на светот како правилно да се справи со Русија, нејзините лаги и лицемерие.

„Почитуван Еди Рама, денеска на Советот за безбедност на Обединетите нации покажавте на светот како правилно да се справи со Русија, со нејзините лаги и со нејзината хипокризија. Ви благодарам што го водите Претседателството на таков принципиелен начин“, напиша Зеленски на Твитер.

Инаку, украинскиот претседател на седницата на Советот за безбедност на ОН потенцираше дека војната на Русија кон Украина претставува криминална и неиспровоцирана агресија од Русија кон украинската нација, со цел да ги заземе украинската територија и ресурси.

„Ова столче во Советот за безбедност, кое Русија го окупираше незаконски, преку заткулисни манипулации по распадот на Советскиот Сојуз, го зазедоа лажговци чија работа е да ја оправдаат агресијата и геноцидот што ги спроведува Русија. И сите дејствија на ОН – било од Советот за безбедност или од Генералното собрание – кои можеа да ја запрат оваа агресија, се уништени од привилегијата што ова место му ја дава на агресорот. Вето во рацете на агресорот е она што ги турна ОН во ќорсокак“, беше дециден Зеленски во својот говор пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...