fbpx

Столтенберг во Кијив, Зеленски од НАТО бара противвоздушни системи

Од друга страна, агенцијата Франс Прес известува дека Русија планира да ги зголеми трошењата за одбрана во 2024 година за речиси 70 отсто

-

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска беше во посета на Кијив, напоменувајќи дека Украинците се борат за нивните семејства и за нивната иднина, додека Москва се бори за империјалистички идеи, пренесува Гардијан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, денеска побара од Столтенберг нови системи за противвоздушна одбрана, напоменувајќи дека Русија употребила над 40 ирански дронови за напади само во изминатата ноќ. Тој додава дека речиси секоја ноќ состојбата е идентична.

Зеленски додаде дека дополнителни противвоздушни системи од НАТО ќе ѝ бидат неопходни на Украина за да се заштити од претстојните напади на Русија врз инфраструктурата на земјата.

Од друга страна, агенцијата Франс Прес известува дека Русија планира да ги зголеми трошењата за одбрана во 2024 година за речиси 70 отсто, покажал документ објавен од рускиот министер за финансии. Ваквата предупредувачка информација доаѓа во периодот кога Русија без престан ја води воената агресија врз Украина уште од февруари 2022 година.

Од почеток на руската агресија до сега, Русија го зголеми военото производство и одвои масивни финансии за воена опрема, и покрај високата инфлација и слабењето на руската рубља.

Доколку се остварат ваквите планови на руското раководство, ова ќе значи дека дури 6 отсто од БДП-то на Русија ќе се издвојува за одбрана, што е повеќе од она што се алоцира за социјна политика и дури тројно повеќе од средствата издвоени за образование, здравствена заштита и заштита на животната средина, пресметала агенцијата Франс-прес.

Руските напади врз Украина не престанаа во изминатово деноноќие. Регионалниот гувернер на Одеса Олех Кипер информираше дека овој регион бил цел на руски напади изминатово деноноќие, но немало жртви. Ракетирање од страна на Русија било направено и врз областа Кировоград, додека во Миколаив бил погоден инфраструктурен објект. Едно лице загина во ракетните напади врз Херсон изминатата ноќ, додека три лица се хоспитализирани откако руските сили го погодиле градот Антонивка, пренесува Гардијан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...