fbpx

Двајца загинати во експлозии на Кримскиот мост, Русија ја обвини Украина за нападот

Мостот преку Кречкиот проток е единствената директна врска помеѓу транспортната мрежа на Русија и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година

-

Две лица биле убиени, а нивната ќерка ранета во напад на Кримскиот мост што се случил утрово. Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот на мостот кој претставува „артерија“ за руските војници кои се борат во Украина и престижен проект што го водеше рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Ројтерс.

На железничкиот мост долг 19 километри биле пријавени експлозии, по што сообраќајот бил запрен. Непотврдени снимки прикажуваат како наводно дел од патот на мостот е поделен, при што на едната страна се забележуваат свиткани метални бариери.

Шефот на кримскиот парламент, поставен од Русија, рече дека за нападот бил виновен „терористичкиот режим на Кијив“, пренесува Би-би-си, додавајќи оти не може да ги потврди овие наводи, бидејќи сè уште не е познато што ја предизвикало штетата на мостот.

Сепак, извори од Службата за безбедност на Украина за британскиот радиодифузер изјавиле дека нападот бил „специјална операција на поморските сили на Украина и Службата за безбедност на Украина“.

„Мостот беше нападнат со површински дронови. Беше тешко да се стигне до мостот, но на крајот беше можно“, изјавил изворот за рускиот сервис на Би-би-си.

Како што пишува „Гардијан“, на канал на платформата Телеграм кој се поврзува со платеничката група „Вагнер“ е објавено дека рано утрово се случиле два напада на мостот.

Според Наталија Хумениук, портпаролот на јужната воена команда на Украина, пак, инцидентот може да претставува чин на провокација од Москва. Според неа, „ваквите настани се типичен начин за решавање на проблемите од страна на властите на Крим и земјата агресор“, пренесе „Гардијан“.

Мостот преку Кречкиот проток е единствената директна врска помеѓу транспортната мрежа на Русија и полуостровот Крим, кој Москва го анектираше од Украина во 2014 година. Мостот е од клучно значење за снабдување со гориво, храна и други производи на Крим, каде пристаништето Севастопол е домашна база на руската Црноморска флота.

Кримскиот мост стана главна рута за снабдување на руските сили откако Москва ја нападна Украина минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...