fbpx

„Мош“ и „Интермецо“ казнети со по 13.000 евра за гласна музика

„Локалите да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обѕир кон жителите кои живеат во непосредна близина“, велат од Општина Центар

-

По пријава на граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на општина Центар, извршено е мерење на бучавата на два угостителски објекти – „Мош“ и „Интермецо“, по што истите се казнети со 13.000 евра, информира Општина Центар. Вработените во секторот за инспекциски работи во општината, во текот на минатата недела организирале акција за мерење на бучава со овластена лабораторија за животна средина „Еуромак контрол“ Скопје, во раните утрински часови.

„Правните лица можат да платат половина од казната во рок од осум дена. Ако не ги платат казните во висина 13.000 евра, овластениот инспектор ќе достави барања за поведување прекршочна постапка пред Основен суд, оддел за прекршоци“, велат во Центар.

Оттаму додаваат дека акциите ги спровеле на цела територија на општината, при што биле поминати клучните точки, односно локалите за кои што редовно има пријави од граѓани, конкретно во населените места Дебар маало, Буњаковец, Центар и Капиштец.

„Општина Центар постојано добива поплаки од граѓаните за гласна музика и непочитување на работното време по што во неколку наврати досега има изречено казни за бучава. Општина Центар повторно апелира до сите управители и сопственици на угостителски објекти во општината, да се придржуваат до постоечките правилници, да имаат обѕир кон жителите кои жаивеат во непосредна близина на нивните локали и да се придржуваат до Законот за заштита од бучава во животната средина“, велат оттаму.

Локалите „Интермецо“ и „Мош“ и претходно добиваа казни поради гласната музика, но и забрана за работа. Последната забрана ја добија во март, затоа што го пречекориле работното време до 1 часот по полноќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...