fbpx
Таг: бучава

таг: бучава

„Мош“ и „Интермецо“ казнети со по 13.000 евра за гласна музика

По пријава на граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територија на општина Центар, извршено е мерење на бучавата на два угостителски објекти - „Мош“ и „Интермецо“, по што истите се казнети со 13.000 евра, информира Општина Центар. Вработените во секторот за инспекциски работи во општината, во текот на минатата недела организирале акција за мерење...

Бучавата не се сфаќа сериозно, во зоните за домување има од кафулиња до складишта за градежен материјал

Кафулиња, дискотеки, обложувалници во станбени објекти, врвулици од луѓе и гласна музика, молови изградени во сред град, индустриски капацитети, магацини или складишта за градежни материјали во зони за домување, огромен број стари и бучни автомобили, камиони, автобуси по улиците.... Причинителите на бучавата се многубројни, а тоа е значајно нарушување на животната средина, кое не се третира сериозно во земјава. Изворите...

Политиките за животна средина и клима високо целат, но малку се имплементираат

Европските директиви кои ги засегнуваат прашањата од животната средина и климатските промени се генерално имплементирани во домашното законодавство, но и понатаму недостасува ефикасна имплементација. Сè уште не е донесен Законот за климатска акција, најголемите енергетски капацитети работат без А-интегрирани дозволи, амбициозните климатски политики не се во согласност со актуелните активности, принципот загадувачот плаќа не се спроведува доследно и нема...

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, воздухот, шумите или пак...

Кафулињата „Гнездо“ и „Интермецо“ добија решенија за намалување на бучавата, потоа следуваат и казни

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар соопштува дека продолжува со мерењата и со теренските контроли на гласноста во угостителските објекти во оваа општина и донесува решенија за преземање мерки. Овластените општински инспектори за животна средина, заедно со одговорните лица од овластената лабораторија за мерење на бучава, деновиве се повторно на терен. „По извршените мерења во одредени локали, инспекторите констатираа повисоки...

Лабораторијата за животна средина се акредитираше за вода и бучава, тестирањето на воздухот се планира за понатаму

Централната лабораторија на Министерството за животна средина и просторно планирање се акредитираше за тестирање на шест методи за квалитет на вода и една за бучава. Министерот Насер Нуредини информираше дека вчера државната лабораторија официјално го добила сертификатот за системот за квалитет според стандардот ISO 17025 за акредитирана лабораторија од Институтот за акредитација. Во наредните фази е планирана и акредитација на...

Казнето уште едно кафуле во Центар поради гласна музика

Уште едно кафуле доби казна од Општина Центар поради пуштање гласна музика. Минатата седмица Општина Центар соопшти дека изрекла мандатна глоба од 6.000 евра за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, поради пуштање гласна музика во долг период наназад, а сега информира дека казна од 500 евра за пуштање гласна музика, односно надминување на дозволеното ниво за бучава, и изречена на...

Околу 113 милиони Европејци страдаат поради преголема бучава

Секој петти Европеец е „загаден“ од бучава, нешто што би требало во наредните години да стане уште поголем проблем поради растечкиот сообраќаен метеж и урбанизацијата, објави денеска Европската агенција за околина, ЕЕА. Во соопштението на Агенцијата стои дека моментално долгорочно на повисоки степени на бучава од сообраќајот, во Европа се изложени околу 113 милиони граѓани. Забрзаната стапка на урбан пораст значи...

За заштита од бучава на автопатите ќе се одвојат над два милиона евра

Јавното претпријатие за државни патишта годинава ќе отпочне да го решава проблемот со бучавата од сообраќајот на фреквентните патишта во земјава. На две локации на автопатите од Коридорите 8 и 10 - покрај Куманово и на скопската обиколница во близина на Сарај ќе се постават заштитни огради од бучава, кои на околните домаќинства ќе им овозможат надминување на проблемот...

Бучавата од сообраќајот во Скопје и во Битола е до два пати поголема од дозволеното

Граѓаните од Скопје и Битола се соочуваат со дури два пати поголема бучава од сообраќајот во споредба со дозволените рамки. Покрај тоа што ги остава без сон, преголемата бучава може да предизвика нарушувања на психичката и физичката состојба. Мерењата на бучавата што ги направија од Техничкиот факултет во Битола покажуваат измерени вредности далеку поголеми од законските ограничувања на сите...

МВР: Три локали во Охрид претерале со гласна музика

Изминативе денови Секторот за внатрешни работи Охрид и инспекциските служби на локалната самоуправа, спровеле акција во повеќе локали во градот и во три од нив констатирале надминување на граничните вредности на дозволената бучава и нарушување на јавниот ред и мир. „Во три угостителски објекти мерењата со помош на апарат - фонометар, покажаа надминување на граничните вредности на дозволена бучава и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...