Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

-

Според последните извештаи за загинати и повредени лица во експлозијата со разорни последици во Бејрут, загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се околу 4.000.

Владата денеска ќе воведе вонредна состојба, а на итен состанок на Врховниот совет за одбрана беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на Бејрут. Најдоцна за пет дена треба да се даде одговор на прашањето дали станува збор за несреќен случај или пак за одреден вид на терористички напад, за што исто така постои сомнеж.

Централниот делот на градот кај пристаништето, каде што се случи експлозијата е непрепознатлив од претходно. Од рушевините се крева црн облак и чад, пожарникарите и медицинските екипи се на терен, а градот е без струја.

Бидејќи болниците во Бејрут се преполни со луѓе, и хотелите во градот ќе служат за лекување на повредените лица. Во експлозијата што се случи вчера попладне, срушени се и болници во градот.

Либанскиот претседател Мишел Аун на неговиот профил на Твитер побара одговорните лица за пропустот да бидат најстроги казнети, бидејќи како што изјави, недозволиво е 2.750 тони амонијак, за кој се претпоставува дека е причина за експлозијата во Бејрут, да се чува шест години без никакви безбедносни мерки.

Оваа катастрофална трагедија која го снајде Бејрут, ја вознемири светската јавност, па голем број на држави понудија помош како Велика Британија, Франција, Грција, Египет и Кипар. Државите понудија помош според потребите на либанските власти.

Египетските пирамиди и зградата Бурџ Калифа синоќа беа осветлени во боите на либанското знаме, како знак на поддршка кон либанскиот народ и сочувство за жртвите.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...