fbpx

За разлика од Скопје и Кичево, Тетово сè уште нема оглас за доделување на субвенции за инвертери

-

Општина Тетово сè уште го нема подготвено јавниот повик за аплицирање за субвенции за инвертери, за разлика од Скопје и од Кичево, каде жителите започнаа да аплицираат. Од Општината за „Порталб.мк“ изјавија дека огласот ќе го објават во текот на следната недела.

Од четирите општини во Северна Македонија каде воздухот е најзагаден и кои се избрани за доделување на вакви субвенции, две се многу напред со процесот. Скопје и Кичево ги имаат објавено огласите и повеќето граѓани веќе аплицирале. Аплицирањето за граѓаните на Скопје ќе трае до 30 ноември 2020 година, додека за граѓаните на Кичево до 15 октомври 2020 година. За разлика од нив, Тетово сè уште го нема објавено огласот.

„Општина Тетово ја подготвува документацијата за јавниот повик и се очекува до следната недела огласот да биде објавен и граѓаните ќе можат да аплицираат за да имаат корист од субвенциите за инвертери“, рекоа од Општина Тетово.

Се очекува во Тетово да се субвенционираат вкупно 1.500 граѓани (семејства), а максималната вредност што ќе се субвенционира изнесува 62.000 денари.
Битола, исто така, сè уште нема објавено јавен повик за доделување на субвенциии за инвертери.

Инаку, Владата на Република Северна Македонија од октомври мината година избра неколку општини за субвенционирање на набавката на инвертер клима уреди потребите за загревање на домаќинствата. Ова е уште една од еколошките мерки за градовите со најзагаден воздух, кои користат неефикасни извори на енергија за греење на своите домови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...