Радев: Во ЕУ не треба да се гради идентитет врз историски фалсификати

-

Властите во Северна Македонија треба да бидат поттикнати да преземат активни чекори за вистинска демократизација и да докажат дека анти-бугарската идеологија што вирее таму, припаѓа на минатото и нема да ја загрози иднината, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“.

„Во Европската Унија не треба да се гради сопствениот идентитет врз историски фалсификати, да се нарушува реалноста, со цел да се оправдаат злосторствата од омраза или да се ускрати правото на самоидентификација. Јас искрено верувам дека надраснувањето на наследството на тоталитарното минато е суштински предуслов за европската иднина на Северна Македонија“, вели Радев.

Тој смета дека во изминативе месеци можело да се забележи чекор назад во амбицијата на Северна Македонија за европска интеграција, поради „низа злосторства од омраза сторени врз локалните Бугари“.

„Пукањето врз бугарските културни клубови во РСМ и насилството врз Бугарите таму означуваат ситуација што е поблиску до темното минато на Балканот отколку европска иднина. Не може да се согласиме со тоа“, вели бугарскиот претседател во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“.

Радев вели дека Бугарија секогаш била отворена и конструктивно ангажирана во дијалотот со Република Северна Македонија. Тој е убеден дека целиот регион треба да биде дел од обединета Европа, но некои услови мора да се задоволат.

„Ние бевме првите што ја признаа новата балканска држава во 1992 година и секогаш бевме тука да го поддржиме Скопје, дури и во најтешките времиња. Повторувам, секогаш. Нашето цврсто уверување е дека иднината на регионот припаѓа на Европската Унија. Почнувањето на пристапните преговори изискуваат одредена европска зрелост, и исполнување на низа критериуми, меѓу нив, најзначајни, се почитувањето на човековите права и добрососедските односи“, вели бугарскиот претседател.

Тој во интервјуто за грчкиот весник Катимерини нагласува дека и Бугарија и Република Северна Македонија се согласиле со предлогот на француското претседателство со Европскиот Совет, којшто предвидува преговарачка рамка за РСМ. Тоа подразбира уставни измени и изедначување на Бугарите со другите етнички заедници, вели тој.

„Сите ние очекуваме од земја-кандидатка, којашто ја изразила својата желба да биде дел од Унијата и нејзините вредности, да се посвети себеси на гарантирање и заштитување на основните човекови права. Ова, само по себе, е основен дел од Копенхагенските критериуми. За да ги почне пристапните преговори, РСМ се согласи да го измени Уставот и да ги вклучи Бугарите на исто рамниште како другите народи што живеат во таа земја…. Без овој чекор, вистинскиот почеток на преговорите не може да се случи“, вели Радев за „Катимерини“.

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите во жалбата...

Лекар од Струга со истечена лиценца, 4 години земал плата и додатоци

Четириесет и две годишен лекар од Струга, четири години земал плата и додатоци на плата, иако немал валидна лекарска лиценца, соопшти МВР. „Во периодот од 15 јули 2020 година, од кога му...

„Сапорт Кочани“ ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

Граѓанската иницијатива „Сапорт Кочани“ донираше медицинска опрема за третман и рехабилитација на повредените од трагичниот настан што се случи на 16 март 2025 година во кабаре клубот „Пулс“ во Кочани. Донацијата...

Започна електронското пријавување за сместување во студентски домови за 2025/2026

Од денеска, студентите од втора и повисоките години можат електронски да аплицираат за сместување во државните и приватните студентски домови за академската 2025/2026 година. Како што информира Министерството за образование и...

Куќниот притвор заменет со притвор за осомничениот за нападот врз Арсовска

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по жалба на Основното јавно обвинителство Скопје поднесена против решение на судија на претходна постапка од 12.07.2025 година, ценејќи ги наводите...