четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Катимерини | 21 резултати

Заев ги фрли коцките: Застојот во евроинтеграциите го загрозува Преспанскиот договор

октомври 29, 2019

Во интервју за сервисот на „Еуроњус“ на грчки јазик дадено вчера, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека одлуката да не се додели датум за почетокот на преговорите на Северна Македонија, го става во ризик Преспанскиот договор. Поточно, тоа значи дека деловите за внатрешната употреба на новото име ќе бидат блокирани и не ќе може да […]

Пајат: САД нема зошто да се меша во спроведувањето Преспанскиот договор

јули 22, 2019

Во однос на сите работи околу Преспанскиот договор, ќе оставам грчката влада да зборува за тоа. САД се фокусирани на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и на тоа ќе се насочиме и есенва, вели амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. – Посебно во поглед на Преспанскиот договор, […]

Владата не ги коментира стенограмите од лидерските средби објавени во „Катимерини“

октомври 3, 2018

Владата засега не дава дополнителни информации во врска со стенограмите од лидерските средби во Македонија, што вчера ги објави грчкиот весник „Катимерини“. – И ние ги видовме објавени во медиумите и претходниот ден во дел од германските медиуми, но во моментот не би можел да ви дадам никаква дополнителна информација во врска со објавените документи, […]

Атина: Изјавата на Димитров фрла сенка врз преговорите и посетата на Коѕиас

март 19, 2018

Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите. Оваа изјава грчките медиуми ја припишуваат на „добро информирани дипломатски извори“ и сметаат дека ќе фрли сенка, или како што […]

„Катимерини“: Нимиц сака преговорите да ги подигне на министерско и премиерско ниво

декември 18, 2017

Медијаторот за спорот за името Метју Нимиц е охрабрен од последниот развој на настаните и е убеден дека ќе се постигне решение, пишува грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека како неформална временска рамка за решавањето на проблемот е самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули следната година. Весникот коментира дека Нимиц во […]

„Катимерини“: Следната година може да биде клучна за решавање на спорот за името

јули 23, 2017

Следната година може да биде клучна за решение на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија за официјалното име на државата, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори. Официјални претставници во Европа и во Вашингтон сметаат дека може да се открие можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во […]

„Катимерини“: Неопходна е стабилна влада во Македонија за преговори во спорот за името

декември 18, 2016

Изборните резултати во Македонија, во Грција го отвораат прашањето кој и каков ќе биде новиот соговорник околу преговорите за името. Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од Обединетите нации, пренесува дека посредникот Метју Нимиц е подготвен да ги реактивира преговорите кои се на стенд бај поради внатрешно-политичките проблеми во Македонија и во Грција изминативе две години. […]

Се зголемува бројот на бегалци кои се обидуваат нелегално да преминат во Македонија

септември 2, 2016

Затворањето на најголемиот бегалски камп кај Идомени, според грчкиот весник „Катимерини“, не стави крај на бегалските обиди за нелегално преминување кон Македонија. Грчкиот весник пренесува дека три месеци по затворањето на кампот, ситуацијата околу македонско-грчката граница повторно почнува да зоврива, со нови протести на бегалците и обиди за тајно преминување на македонска страна, со желба […]

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

мај 3, 2016

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија […]

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

февруари 21, 2016

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во колумна во весникот „Катимерини“ околу бегалската криза […]

Атина: Мигрантската криза полека работи во прилог на Македонија

февруари 2, 2016

„Постои опасност ние да останеме заглавени, а вистинската европска граница да стане БЈРМ. Во опасност сме да се најдеме со илјадници луѓе, бегалци и мигранти без документи, кои не можеме да ги контролираме и ние како држава немаме јасни приоритети и цели“, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија и екслидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, во […]

„Катимерини“: Привремената влада во Македонија нова можност за спорот за името

декември 29, 2015

Привремената македонска влада, која треба да биде избрана на 15 јануари следната година, во Грција и понатаму се истакнува како можност за придвижување на работите во спорот за името. Весникот „Катимерини“ во анализа на состојбата во која се наоѓа отворениот спор забележува дека периодов се отвора прозорец на можности за решавање на прашањето. Според весникот, иако […]

„Катимерини“: Македонија почна да крева ограда на границата со Грција

ноември 19, 2015

Македонија крева ограда на границата со Грција за да се справи со напливот на бегалци и на мигранти кои се насочени кон Централна Европа, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Советот за безбедност на Македонија викендов оцени дека можно е да се подигне ограда на границата со Грција, доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш […]

Попоски за „Катимерини“: Опасни се флертовите со идеите за големи нации

мај 17, 2015

Секаков флерт со теориите за големи држави или нации и идејата за менување на границите е неодговорен и опасен, вели македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за весникот „Катимерини“. Грчкиот весник објави долга репортажа од Куманово во врска со вооружените инциденти, разговор со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, за денот на престрелките […]

„Катимерини“: Реакциите на Германија и на САД го најавуваат политичкиот крај на Груевски

април 29, 2015

Дипломатските реакции на амбасадорите на Германија и на САД во Скопје и барањето оставки од македонската влада не ја оставија рамнодушна Атина. Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека дипломатски извори во Атина забележале дека овие чекори од дипломатските претставништва на клучни меѓународни играчи ќе го доведат до безизлезна ситуација, како што посочиле, „автократскиот“ премиер Никола Груевски, […]

МНР: Атина побара 30 дена да предложи мерки за доверба

март 18, 2015

Македонското МНР за новинската агенција „Мета“ соопшти дека засега нема разговори за мерките за градење доверба бидејќи на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.  Грција ја обвини Македонија за ширење иредентизам преку училишните учебници, географските карти, како и со изјавите на високи државни функционери. Владата во Атина е загрижена дека Македонија има територијални претензии, поради […]

ЕЛИАМЕП: Предлогот на Нимиц за „Горна …“ е добар, логичен и ја задоволува Грција

ноември 19, 2014

Генералниот директор на грчката тинк-тенк организација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос, го оценува наводниот предлог-пакет за името – „Горна Македонија“, како добра основа на грчката страна за напредок и за развивање на преговорите кон компромисно решение. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, испрати демант на текстовите објавени во македонските медиуми за овој предлог, порачувајќи дека […]

Страна 1 од 1