fbpx

ЦПД-Софија: Ќе формира ли Бугарија евро-атлантска влада?

-

Импликациите од изборните резултати на вчерашните парламентарни избори во Бугарија се тема на анализа на познатиот бугарски тинк-тенк Центар за проучување на демократијата – ЦПД (Center for the Study of Democracy) од Софија, која ги разгледува можните сценарија за формирање влада и понатамошниот развој на политичката состојба во Бугарија, која во последниве малку повеќе од две години дури пет пати одржуваше парламентарни избори и не доби влада што ќе истрае барем една година.

Во продолжение ја пренесуваме анализата на ЦПД:

Проблеми во Источното крило на НАТО. На 2 април 2023, Бугарите гласаа на петтите парламентарни избори во текот на две години. Мала е веројатноста нешто да се смени во рамнотежата на силите во бугарскиот парламент (Народното собрание) по овој круг избори, со значителниот исклучок на порастот на уделот на проруските и евроскептичните партии. Иако имаше проевропско-атлантско мнозинство во сите парламентарни состави избрани во последните две години, водечките политички партии не успеаја да формираат стабилни влади, препуштајќи ја власта во рацете на низа технички влади со јасни врски со олигархиските мрежи контролирани од Кремљ.

Што се случи. Популарната поддршка за Украина, ЕУ и НАТО постојано опаѓаше, поттикнато од неуморните негативни пораки од претседателот Радев, неговите технички влади и ултраконзервативните националисти. Претседателот Радев ги оквалификува политичките партии во последниот парламентарен состав што гласаа за воена поддршка на Украина „хушкачи на војна“. Радев постојано се закануваше дека ќе стави вето на понатамошните санкции на ЕУ против Русија и изнесуваше „кинески“ повици за мир, ставајќи се рамо до рамо до Виктор Орбан.

Постизборна пат-позиција. Прелиминарните резултати покажуваат речиси целосна изедначеност на врвот (со помалку од 2 отсто разлика меѓу победникот Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) – Сојуз на демократските сили (СДС) и второпласираната политичка сила, коалицијата Продолжуваме со промената (ПП) – Демократска Бугарија (ДБ), но и дојде до раст на поддршката за ултрадесничарската, антивладината В’зраждане (Преродба), којашто стана третата парламентарна сила. Овој след на нештата веројатно дополнително ќе ги зацврсти АнтиЕУ и АнтиНАТО повиците, коишто доаѓаат од прорускиот политички простор во земјата.

Најлошото сценарио. „Преродба“ тврди дека добила половина милион потписи во поддршка на референдум против воведувањето на еврото, којшто сака да го поднесе во првата седмица на овој месец. Бугарската социјалистичка партија (БСП) исто така почна да собира потписи за нешто што е во срцевината на дезинформацискиот наратив на Кремљ за „заштита на традиционалните вредности наспроти родовата идеологија“ на ЕУ. Анти-системската Има таков народ (ИТН) на музичарот и шоумен Слави Трифонов, којашто исто така повторно влегува во парламентот по пресвртот во последниот час на пребројувањето на гласвоите, со чуден пораст на гласачка поддршка, во меѓувреме подготви референдум за измена на уставот на Бугарија и нејзино претворање од парламентарна во претседателска република.

Сите три референдума најверојатно ќе завршат на маса за потпишување од претседателот Радев најдоцна до октомври 2023 година, пред планираните локални избори, коишто пак би можеле да се совпаднат со нови парламентарни избори, ако последниве избори не доведат до стабилна влада. Тоа може дополнително да го смени теренот за игра, во полза на анти-системските и проруските актери.

Што следува. Застојот создава опасна политичка нестабилност. На Бугарија ѝ е потребна влада со амбициозна реформска агенда, но таа не може да се справува со сè одеднаш. Со разгорената војна во Украина, приоритетот треба да биде националната и меѓународната безбедност на Бугарија, што значи итно демонтирање на мрежите на влијание контролирани од Кремљ. Спротивставувањето на стратешката корупција поврзана со руското малигно влијание може да биде стартната платформа за формирање функционално (и дури и уставно) мнозинство во бугарскиот парламент и потоа формирање владин кабинет, без разлика што ќе биде со скратен мандат од 18 или 24 месеци“, пишува ЦПД.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...