недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Румен Радев | 88 резултати

За привремената бугарска влада „неизбежно“ било да се купува гас од „Газпром“

август 22, 2022

Обезбеден е еден танкер течен гас за Бугарија за октомври, ама мора да се работи за обезбедување на потребните количества по прифатливи цени за бизнисот и за домаќинствата, соопшти Кризниот штаб за енергетика на техничката владата на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“. Техничкиот министер за енергетика Росен Христов смета дека во сегашната ситуација и недоврешноста на […]

Во Софија повторно протест #ГаzWithMe против намерата на техничката влада да се купува руски гас

август 11, 2022

Стотици демонстранти се собраа вчеравечер пред Кабинетот на претседателот на Бугарија, во најстрогиот центар на Софија, да протестираат против намерите на техничката влада на Бугарија повторно да купува гас од руски Газпром, јави mediapool.bg. Ова е вториот протест #ГаzWithMe – првиот се случи пред една седмица. „Гасот од внатрешно-политички проблем веќе се претвори во надворешно-политички. […]

Бугарија ќе оди на избори на 2 октомври, Радев го назначи Галаб Донев за технички премиер

август 1, 2022

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 2 октомври, јавува Бугарското национално радио. Радев го потпиша и указот за назначување на службена влада во Бугарија, на чело со Галаб Донев за технички премиер. Тој беше поранешен министер за труд и досегашен советник на бугарскиот […]

ГЕРБ го врати мандатот, бугарскиот претседател ќе прави нов круг консултации пред да го даде третиот мандат

јули 14, 2022

Како што и беше најавено, денеска откако претседателот на Бугарија Румен Радев го врачи вториот по ред мандат за составување нова влада, тој експресно му беше вратен. ГЕРБ, втората парламентарна сила, како што повеќепати претходно најави, го врати мандатот, јави mediapool.bg. Претседателката на парламентарната група на ГЕРБ, Десислава Атанасова, го врати вториот мандат за формирање […]

„Продолжуваме со промената“ го врати мандатот, нема да преговара со ИТН на Трифонов ако таа партија добие мандат

јули 9, 2022

Партијата „Продолжуваме со промената“ (ПП) на сегашниот премиер на Бугарија во оставка Кирил Петков, вчера го врати мандатот за формирање нова влада, бидејќи не успеа да собере парламентарно мнозинство што би го изгласало предложениот коалициски владин кабинет, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Асен Василев, кој беше номиниран за премиер и го доби мандатот од претседателот […]

Анкета во Бугарија: Партиите на Борисов и Петков изедначени, „Има таков народ“ не би влегла во парламентот

јули 6, 2022

Најновата анкета на „Алфа рисрч“ покажува дека партијата „ГЕРБ“ на Бојко Борисов и „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков имаат минимална разлика во популарноста доколку во Бугарија се одржат предвремени парламентарни избори, пренесува bTV Novinite. За „ГЕРБ“ на Борисов би гласале 21,5 отсто од граѓаните кои учествувале на анкетното истражување, додека „Продолжуваме со промените“ на […]

Бугарскиот претседател Радев за „ЕУрактив“: Северна Македонија да го смени Уставот

декември 17, 2021

Република Северна Македонија треба да го смени својот Устав. Тоа би било чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, во интервју за угледниот „ЕУрактив“ порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој минатиот месец го освои вториот мандат на функцијата прв човек на Бугарија. Во однос на одредени алузии дека спорот меѓу двете земји влегува […]

Претседателот Радев му го врачи мандатот на Петков за формирање на бугарска влада

декември 11, 2021

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска влада на Кирил Петков, потпретседателот на победничката партија „Промената продолжува“, јавуваат бугарските медиуми. Веднаш по врачувањето на мандатот, Петков изјави дека гласањето на новиот владин состав во бугарскиот парламент ќе се одржи уште во понеделник, нагласувајќи дека тој нема да изгуби […]

Почнаа консултациите за нова влада на Бугарија – Радев прво прашал за став за Северна Македонија

декември 6, 2021

Времето на едноличната премиерска власт заврши, порача претседателот на Бугарија, Румен Радев, почнувајќи ги претпладнево консултациите со парламентарните партии за формирање на новата влада на Бугарија, јави бугарски „Медиапул“. „Ефикасно управување во формата на коалиција може да постои само ако има взаемно почитување меѓу партнерите. Времето на едноличната премиерска власт заврши и надежта тоа да […]

Румен Радев освои втор претседателски мандат на изборите во Бугарија

ноември 22, 2021

Актуелниот бугарски претседател Румен Радев освои втор мандат на функцијата на вчерашниот втор круг од претседателските избори во Бугарија. Според обработени над 99 отсто од гласачките ливчиња, Централната изборна комисија утрово објави дека Радев освоил 66,7 отсто од гласовите на бугарските избирачи, додека противкандидатот од ГЕРБ Анастас Герџиков добил 31,8 отсто од гласовите. Излезноста на […]

Еурактив: Бугарија доби предизборен попуст од Гаспром

ноември 9, 2021

Бугарија доби необичен ценовен попуст од Газпром во ноември. Наместо поскапување за 32%, како што предвиде бугарската државна гасна компанија Булгаргаз, цената на гасот е намалена. Во ноември, цената на бугарскиот гас е 46,5 евра/MWh, што е речиси два пати помалку од тарифите на европските гасни центри, објави денес паневропска медиумска мрежа Еурактив. Во меѓувреме, […]

Меркел вели треба време за да се постигне договор меѓу С. Македонија и Бугарија

октомври 7, 2021

Германската канцеларка Ангела Меркел на прес-конференцијата по Самитот на ЕУ со лидерите од Западен Балкан во Словенија, порача дека не можат веднаш да се преземат решенија за надминување на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија, поради тоа што во Бугарија допрва треба да се одржат парламентарни и претседателски избори. „Тука стана јасно дека следниот чекор […]

Радев: Борисов претходно се скри под здолништето на Цачева, сега под тогата на ректорот

октомври 1, 2021

Пред пет години Бојко Борисов се сокри под здолништето на Цецка Цачева, а сега се крие под тогата на ректорот, порача Румен Радев, бугарскиот претседател и кандидат за втор претседателски мандат, откако доскорешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов не одговори на повиците на Радев да се кандидира за претседател, јави бугарски „Медиапул“. ГЕРБ, партијата на […]

Еврокомесарот Вархеји денеска во Бугарија ќе разговара со Радев и Стоев

септември 21, 2021

Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска ќе биде во посета на Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР), повикувајќи се на ЕУ. Предвидено е Вархеји да се сретне со претседателот Румен Радев и министерот за надворешни работи Светлан Стоев. Други детали не се објавени, но БНР, повикувајќи се на упатени извори, вели дека […]

Бугарскиот претседател Радев в четврток ќе го распушти парламентот и ќе назначи нова техничка влада

септември 13, 2021

Кабинетот на Претседателот на Бугарија денеска соопшти дека претседателот Румен Радев в четврток, 16 септември, ќе го распушти парламентот и истиот ден ќе назначи нова техничка влада на Бугарија. Како што пишува бугарскиот медиум „Медиапул“, ова е третиот службен владин кабинет назначен од Радев. Првото назначување службена влада Радев ја направи веднаш по стапувањето на […]

Бугарија есенва ја чекаат трети парламентарни избори, Радев го има главниот збор

септември 3, 2021

Претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова изјави дека на 7 септември (вторник) ќе му го врати мандатот за формирање влада, која што го доби од бугарскиот претседател Румен Радев во третиот обид за да се создаде влада, откако мандатот претходно го вратија партиите ГЕРБ и Има таков народ. „Ги вложивме сите напори да […]

ГЕРБ го врати мандатот за влада, Бугарија оди кон третите избори во половина година

август 20, 2021

Поранешната владејачка бугарска политичка партија ГЕРБ денеска не се нафати да формира нова влада на многу необичен начин. Тие прво во партиското седиште, само за своите избирачи, ги презентираа имињата на предвидените министри кои би влегле во новата коалициска влада со Сојуз на демократските сили (СДС), а половина час подоцна, претседателот на Бугарија Румен Радев […]

Напорите на претседателот Радев за формирање нова влада на Бугарија досега без резултат

август 17, 2021

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска организираше втор круг консултации со политичките партии застапени во парламентот на Бугарија, во обид да се формира нова редовна влада, јавија бугарските медиуми. Во моментов со Бугарија управува техничка влада што Радев ја формираше по избориет во април годинава, кога ниту една партија не успеа да формира влада. Потоа […]

Во Бугарија денеска се одржуваат парламентарни избори

јули 11, 2021

Парламентарни избори се одржуваат денеска во Бугарија, откако на изборите во април ниту една политичка партија не успеа да договори коалиција и да формира влада. На 4 април, бугарскиот претседател Румен Радев со декрет назначи привремена Влада, за чиј што технички премиер беше назначен Стефан Јанев. Радев, исто така тогаш, ги закажа денешните избори. Техничкиот […]

Средба на Заев со Радев: Имаме обврска да го градиме пријателството меѓу нашите братски народи

јуни 17, 2021

Премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, се сретна со претседателот на Република Бугарија Румен Радев во рамките на агендата на работната посета на оваа наша соседна земја, информираат од владината прес-служба. На средбата беше истакнато дека посетата на делегацијата на […]

Страна 2 од 5