сабота, 11 јули, 2026
Meta.mk

Ознака: Румен Радев | 88 резултати

Средба на Иванов и Радев в недела во Дојран

мај 2, 2018

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, в недела 6 мај во Дојран ќе има средба со бугарскиот претседател Румен Радев, информираат од кабинетот на македонскиот претседател. Шефот на македонската држава Ѓорге Иванов на покана на бугарскиот претседател Радев во јуни ќе биде во возвратна официјална посета на Република Бугарија, велат од кабинетот на Иванов. Бугарскиот […]

Иванов – Радев: Решението за името не треба да биде на штета на трети страни

февруари 16, 2018

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој денеска и утре е во официјална посета на земјава, изјави дека за Софија е исклучително важно името кое што ќе произлезе од преговорите меѓу Македонија и Грција, да не содржи географска одредница која во себе ќе вклучува дел од територијата на Бугарија. – Решението на проблемот за името ќе […]

Бугарскиот претседател Радев во официјална посета на Македонија

февруари 16, 2018

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Македонија, на покана на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов. Радев денеска претпладне ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата ќе имаа тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со […]

Димитров од утре во Бугарија на средби со Борисов, Радев и Захариева

февруари 13, 2018

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, од утре до 16 февруари ќе престојува во работна посета на Бугарија, соопшти Министерството за надворешни работи. За време на посетата е предвидено тој да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, премиерот Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева. „Во рамки на билатералната средба со […]

Радев: Договорот за добрососедство дава силен сигнал за позитивниот развој на Балканот

јануари 15, 2018

Бугарскиот претседател, Румен Радев ја поздрави ратификацијата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија. – Договорот, кој е резултат на долгогодишните напори на дипломати и државници, отвора нова европска страница во односите помеѓу двете земји. Ратификацијата на документот се случува во момент кога […]

БПЦ ќе бара начин успешно да се реши прашањето на МПЦ, порача патријархот Неофит

ноември 23, 2017

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе расправа за барањето на Македонската православна црква, соопшти бургаскиот патријарх Неофит, додавајќи дека БПЦ за автокефалноста на МПЦ ќе разговара и со другите помесни православни цркви. Патријархот Неофит го запознал бугарскиот претседател Румен Радев со писмото на МПЦ, во кое се бара евхаристичкото единство на БПЦ со МПЦ. […]

Бугарија и Грција до Македонија: Ако сакате во ЕУ и во НАТО, почитувајте ја историјата

јуни 24, 2017

Земјите од Балканот мора да ја почитуваат историјата и да развиваат добрососедство, доколку сакаат да влезат во Европската Унија и во НАТО, заклучија бугарскиот претседател Румен Радев и неговиот грчки колега, Прокопис Павлопулос, на нивната вчерашна средба во Атина. Посетата на Радев на Атина доаѓа во време кога се зголемува фокусот за проширување на ЕУ […]

Заев – Радев: Македонија и Бугарија делат иста визија за регионот

јуни 20, 2017

„Република Македонија и Република Бугарија делат иста визија за регионот, интеграција во европските и во евроатлантските структури и среќен сум што постои свесност и одговорност од двете страни за постигнување напредок“, истакнал премиерот на Македонија, Зоран Заев, на средбата со бугарскиот претседател, Румен Радев, во Софија. Заев, како што соопшти неговиот кабинет, на средбата ја нагласил […]

Заев ги почна средбите во Софија, прво со Борисов, а потоа со Радев

јуни 20, 2017

Денеска и утре, премиерот Зоран Заев, заедно со владина делегација, е во дводневна работна посета на Бугарија, каде што ќе има средби на највисоко владино и државно ниво. Заев прво ќе се сретне со претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов. Потоа, премиерот и владината делегација на Македонија во Бугарија ќе имаат средба со претседателот […]

Владина делегација на чело со Заев утре и задутре во посета на Бугарија

јуни 19, 2017

Утре и задутре владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев, а во која ќе бидат и вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, ќе престојува во официјална работна посета на Република Бугарија. Заев утре изутрина ќе се сретне […]

Се урна бугарски воен хеликоптер, загина пилот

јуни 9, 2017

Еден од пилотите на бугарскиот воен хеликоптер кој денеска се урна во водите на Црното Море при воена вежба почина од повредите во Воената болница во Варна, а другите двајца се исто така повредени, но се во стабилна состојба, јавија бугарските медиуми. Пред падот околу 12.30 часот, хеликоптерот „Пантер“ имал мал судир со еден од […]

Радев ќе бара ЕУ да се ангажира во Македонија, Борисов разговарал со Иванов, Груевски и со Заев

април 28, 2017

Бугарија ќе настојува ЕУ повеќе да се ангажира за Македонија и да има јасна перспектива за иднината на сите земји од Западен Балкан, изјави денеска претседателот на Бугарија, Румен Радев, при посетата на авиобазата „Граф Игнатиево“, известуваат бугарските медиуми. Радев порача дека решението за Македонија треба да се бара во рамките на ЕУ и на […]

Радев: Имаше обид за влијанија однадвор врз изборните резултати

април 12, 2017

Во текот на кампањата партиите повикуваа на крајни мерки, спротивни на сегашните закони, вклучувајќи напуштање на принципот на двојно државјанство, затворање на гласачки места и затворање на границите. По изборите темата беше бргу погребана, забележа бугарскиот претседател Румен Радев во своето прво обраќање кон нацијата. – Но проблемите остануваат. Тие проблеми не се состојат само […]

Радев: Не можеме да ја браниме Европа без Шенген

февруари 7, 2017

Бугарскиот претседател Румен Радев истакна дека Бугарија ги прави сите напори за да ги заштити нејзините надворешни граници и да ги заштити сите европски граѓани. Радев рече дека земјата се потпира на „поголема посветеност на сите земји членки на ЕУ“ во случај на засилување на мигрантскиот бран. – Исто така, Бугарија се потпира на поддршката […]

Радев ги закажа вонредните избори во Бугарија за 26 март

јануари 24, 2017

Претседателот на Бугарија, Румен Радев, денеска распиша вонредни парламентарни избори, што ќе бидат одржани на 26 март, а дотогаш функцијата премиер ќе ја извршува поранешниот претседател на бугарското собрание, Огњан Герџиков, соопштија од кабинетот на бугарскиот претседател. В петок, како што е најавено, Радев ќе го распушти парламентот. Седумдесетгодишниот Герџиков беше претседател на бугарското собрание […]

Радев: ЕУ и НАТО се стратешки избор на Бугарија, кој не треба да се проблематизира

јануари 19, 2017

Членството во Европската Унија и во НАТО е стратешки избор на Бугарија кој не треба да се доведува во прашање, рече денеска новиот претседател на земјата, Румен Радев, во својот говор по положувањето заклетва во бугарскиот парламент. „Ефективното членство значи јасно разбирање и постајно бранење на националните интереси во двете семејства кои се вклучени во […]

Румен Радев е најпопуларен бугарски политичар

јануари 10, 2017

Румен Радев има најголем рејтинг помеѓу бугарските политичари и на последната анкета освои 35 отсто поддршка. Бојко Борисов е втор со 25 отсто поддршка, а Каракачанов е на трето место со 19,9 отсто. Новоизбраниот претседател води во сите социјални групи. Најмало водство има кај жените и оние со факултетска диплома, каде што рејтингот на тројцата политичари […]

Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат напролет

декември 21, 2016

Право и обврска да закаже конкретен датум за предвремени парламентарни избори и за формирање влада, има новоизбраниот претседател Румен Радев, изјави бугарскиот претседател во заминување Росен Плевнелиев, јавува дописничката на „Мета“ од Бугарија. Тоа би значело дека до 22 јануари останува владата во оставка на Бојко Борисов. Според зборовите на претседателот, создавање на две влади е ризично […]

Радев: Бугарија не треба да ѝ биде непријател на Русија

декември 14, 2016

Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за францускиот весник „Ле Монд“ потврди дека ќе се залага Бугарија, како полноправна членка, да продолжи да работи во рамките на интересите на Европската Унија и на НАТО, но и дека е против санкции кон Русија. Педесет и тригодишниот Радев, кој е поранешен генерал на бугарските воздухопловни […]

Договорот за добрососедство не треба да биде пречка за односите со Бугарија, оцени Иванов

ноември 22, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Софија се сретна со бугарскиот претседател во заминување, Росен Плевнелиев, и со новоизбраниот претседател на Република Бугарија, Румен Радев. На средбите, како што соопштуваат од кабинетот на Иванов, било заклучено дека договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија не треба да биде пречка за развојот на билатералните […]

Страна 4 од 5