fbpx

Заев ги почна средбите во Софија, прво со Борисов, а потоа со Радев

-

Денеска и утре, премиерот Зоран Заев, заедно со владина делегација, е во дводневна работна посета на Бугарија, каде што ќе има средби на највисоко владино и државно ниво. Заев прво ќе се сретне со претседателот на владата на Бугарија, Бојко Борисов.

Потоа, премиерот и владината делегација на Македонија во Бугарија ќе имаат средба со претседателот на Бугарија, како и работна вечера со претседателот на бугарскиот парламент, Димитар Главчев.

Средбата на Заев со претседателот Румен Радев е планирана за 14 часот.

Во рамките на владината посета во Бугарија предвидени се и одделни средби помеѓу министрите од Македонија и нивните колеги од Бугарија.

Во составот на владината делегација што ја предводи премиерот Заев се заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за култура, Роберт Алаѓозовски.

„Стратешки определби на Република Македонија се интеграциите во Европската Унија и НАТО. Остварувањето на овие цели значат долгорочна стабилност и безбедност за граѓаните на Македонија, но и за целиот регион. Затоа, поддршката од соседите е од големо значење, а ние како одговорна влада сме подготвени да бидеме активен дел од значајните добрососедски и интегративни процеси“, е ставот на премиерот Заев пред официјалните средби во Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...