fbpx

Радев: ЕУ и НАТО се стратешки избор на Бугарија, кој не треба да се проблематизира

-

Членството во Европската Унија и во НАТО е стратешки избор на Бугарија кој не треба да се доведува во прашање, рече денеска новиот претседател на земјата, Румен Радев, во својот говор по положувањето заклетва во бугарскиот парламент.

„Ефективното членство значи јасно разбирање и постајно бранење на националните интереси во двете семејства кои се вклучени во создавањето на заедничките вредности. Бугарската надворешна политика треба да се формулира внатре во земјата и на неа да се опстојува надвор, а не обратно, таа треба да биде отворена кон светот и да создава нови пријатели и партнери, а не непријатели“, рече Радев, пренесува БТА.

Новиот бугарски претседател рече дека сè повеќе се зголемува антиевропското расположение, но нагласи дека „обединета Европа треба да биде зачувана по секоја цена“ и дека спротивното би значело „изгубено време“.

Радев ја коментираше и кризата во релациите меѓу ЕУ, НАТО и Русија, истакнувајќи дека „Студената војна е тажно искуство од минатото“ и дека „меѓусебните конфронтации не се начин за решавање на кризата“.

Според него, новата политичка ситуација во светот дава можност за решавање на проблемот со дијалог, а резултатите од изборите во САД се надеж за воспоставување дијалог со Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...