Румен Радев и Цецка Цачева ќе се борат за претседателското место во Бугарија

Румен Радев ја доби поддршката од 25,70 отсто од гласачите, додека за Цецка Цачева гласаа 22 отсто од бугарските избирачи, покажуваат резултатите од првиот круг на претседателските избори во соседна Бугарија. В недела двајцата одат во вториот изборен круг. Премиерот Бојко Борисов, чијашто партија ја предложи Цачева, најави дека ќе поднесе оставка доколку таа не победи во вториот круг.

Трети на изборите беа кандидатите на Обединети патриоти, Красимир Каракачанов и Јавор Нотев, со 545.708 гласови или 15,04 отсто поддршка. Бизнисменот Веселин Марешки го освои четвртото место, а за опцијата „не поддржувам никого“ гласале 5,56 отсто од гласачите.