fbpx

Радев: Бугарија не треба да ѝ биде непријател на Русија

-

Новоизбраниот претседател на Бугарија, Румен Радев, во интервју за францускиот весник „Ле Монд“ потврди дека ќе се залага Бугарија, како полноправна членка, да продолжи да работи во рамките на интересите на Европската Унија и на НАТО, но и дека е против санкции кон Русија.

Педесет и тригодишниот Радев, кој е поранешен генерал на бугарските воздухопловни сили, а беше избран за претседател со поддршка на бугарската социјалистичка партија, официјално треба да ја преземе функцијата на 22 јануари следната година.

„Имаше обиди да бидам дискредитиран за време на изборната кампања, но заедно со Илијана Јотова (заменик-претседател, н.з.) ја браниме јасната позиција дека Бугарија е лојален член на НАТО и на ЕУ. Историски и културолошки, Бугарија секогаш била дел од Европа. Земјата избра стабилен и одржлив пат за проевропски развој и ние нема да го напуштиме тој пат. Ние сакаме да се етаблираме како сигурен партнер на НАТО. Но, тоа не значи дека Бугарија треба да ѝ биде непријател на Русија, со која имаме значајни економски интереси“, вели Раде во интервјуто.

Прашан зошто се залага за кревање на санкциите против Русија, Радев вели дека санкциите не се решение.

„Тие ѝ штетат на Русија, но исто така и на Европската Унија. За силните економии ова не е проблем, но за кревките економии како што е бугарската, тоа претставува проблем“, посочува новоизбраниот претседател на Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...