Бектеши: Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе се прави анализа

За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, најави министерот за економија

-

Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носи Владата со цел заштита на стандардот на граѓаните ќе се реализираат во целина. На следната седница на Владата ќе биде донесена одлука за намалување на цените на алкохолните и безалкохолните пијалоци, a се прави и анализа за намалување на цените на хигиенските производи, кажа министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на „Алма М“, компанија од дистрибутивниот бизнис, која дистрибуира производи по маркетите опфатени со мерката „гарантирана цена“.

Бектеши потенцираше дека утре се очекува и владина одлука за поевтинување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци, а за хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации.

Тој потенцираше дека Министерството за економија и сите надлежни институции прават анализи на неделна основа и врз основа на сите влезни податоци ќе се донесат одлуки кои што ќе бидат во интерес на заштита на стандардот на граѓаните.

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека со новата мерка на Владата на над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и од месната индустрија им е намалена цената за 10 проценти во однос на цената што ја имале на 1 август.

„Со оваа одлука и мерка кај одредени категории и производи веќе има намалување на производите над 10 %, а кај некои намалувањето е од 30 до 40 %. Во маркетите веќе овие производи добија ознака ‘гарантирана цена’, со оваа мерка придонесуваме и покрај инфлациските притисоци, заеднички и солидарно им даваме поддршка на нашите граѓани“, рече Ковачевски.

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За издавање на...

Велешани им оддадоа почит на жртвите во Кочани

„Тагата е уште потешка кога знаеме дека не е судбина, туку последица на корупција“, „Каде да фатиме врски за да ги вратиме жртвите?“, „Одеднаш тишината стана посилна од секој врисок“, беа...

Манев: Палевски треба да го прашате зошто ги уби Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска во Основен Кривичен суд Скопје продолжи со испитување на обвинетиот Велибор Манев. Тој одговараше на прашањата на бранителите на останатите обвинети и истакна дека...

Мариника Тепиќ објави фотографија на која наводно се гледа звучниот топ на српската полиција (Фото)

Потпретседателката на Партијата на слободата и правдата (ССП), Мариника Тепиќ, објави фотографија од протестот на 15 март во Белград на која се гледа уред што личи на звучен топ LRAD 450XL...

Тошковски: Седум полициски службеници осомничени за креирање на лажната лиценца на дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешното обраќање за медиумите изјави дека лажната лиценца издадена на дискотеката „Пулс“ не е единствена и дека има најмалку уште една. За...