На 10 октомври ќе се одржи вебинарот „Жешките еко-точки низ новинарска призма“

Вебинарот е отворен за сите новинари, заинтересирани граѓани, еколошки здруженија, невладини организации и други субјекти кои сакаат подетално да се запознаат со темата за жешките еколошки точки во земјава и за досегашното новинарско известување на оваа тема

Вебинарот „Жешките еко-точки низ новинарска призма“ ќе се одржи на 10 октомври, со почеток од 11 часот. На онлајн настанот, професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет ќе говори за тоа зошто се опасни жешките еколошки точки по човековото здравје и животната средина, на кој начин треба да постапат надлежните власти кон ублажување на штетните последици и кои мерки треба да се преземат за нивна санација.

Досегашното новинарско искуство од известувањето за жешките еколошки точки на вебинарот ќе го споделат главниот уредник на новинската агенција Мета.мк Бојан Блажевски, новинарката на Мета.мк Сања Наумовска и новинарот на Порталб.мк Фисник Џелили.

Вебинарот е отворен за сите новинари, заинтересирани граѓани, еколошки здруженија, невладини организации и други субјекти кои сакаат подетално да се запознаат со темата за жешките еколошки точки во земјава и за досегашното новинарско известување на оваа тема.

Вебинарот е бесплатен за учесниците, а за учество не е потребна претходна регистрација. Заради потребите на проектот, настанот на ZOOM ќе биде снимен, но нема да биде јавно емитуван.

Вебинарот е организиран од Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“, со поддршка на регионалниот проект СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Секој заинтересиран на вебинарот може да се приклучи на ZOOM преку следниов линк:

Topic: ЖЕШКИТЕ ЕКО-ТОЧКИ НИЗ НОВИНАРСКА ПРИЗМА
Time: Oct 10, 2023 11:00 AM Budapest
Join Zoom Meeting
https://us05web.zoom.us/j/88471856141…
Meeting ID: 884 7185 6141
Passcode: 0HvVBj