На вебинар за „сајбер чистка“ ќе дознаете како да се брише „дигиталната прашина“

Прашањата за тоа како да се одржува сајбер хигиената, како да ги заштитите и чувате вашите лозинки, да се заштитите од фишинг пораки, да направите бекап на податоците и да инсталирате антивирусни програми ќе се отворат на вебинарот „Сајбер чистка: Бришење на дигиталната прашина“, кој ќе се одржи во вторник, на 16 април, со почеток во 11 часот

Живееме во време кога да се одржува сајбер хигиена е исто како да се одржува лична хигиена. Taa мора редовно да се одржува, а веќе кога ќе премине во навика, станува едноставна дневна рутина.

Прашањата за тоа како да се одржува сајбер хигиената, како да ги заштитите и чувате вашите лозинки, да се заштитите од фишинг пораки, да направите бекап на податоците, да инсталирате антивирусни програми, да ја задржите својата онлајн приватност ќе се отворат на вебинарот „Сајбер чистка: Бришење на дигиталната прашина“, кој ќе се одржи во вторник, на 16 април, со почеток во 11 часот.

На настанот ќе говорат Александра Милева од Факултетот за информатика на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Иван Чорбев, професор на ФИНКИ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Александар Ристовски од Студентското собрание на ФИНКИ.

Вебинарот има за цел да даде дополнителни сознанија за сајбер хигиената, а со цел да се задржат безбедни податоците кои се чувствителни и да ја зајакне способноста на организациите да се опорават доколку се случи напад или пак ненамерно бришење или оштетување на податоците.

Вебинарот е отворен за сите новинари, заинтересирани граѓани, новинарски здруженија, невладини организации и други субјекти.

Заинтересираните учесници можат да го пријават своето учество на овој линк. Заради потребите на проектот, настанот на платформата ZOOM ќе биде снимен, но нема да биде јавно емитуван. На настанот сите заинтересирани можат да се вклучат на овој линк. 

Настанот е организиран од Здружението за унапредување на медиумските практики „Иновативни медиуми“, со поддршка на регионалниот проект СМАРТ БАЛКАН – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva (CPCD), Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) и Институт за демократија и медијација (ИДМ) а финансиски е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.