петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Трајче Стафилов | 13 резултати

Во ОХИС, покрај во погонот за електролиза, жива има и во малата депонија

4 март 2023

Во малата депонија со линдан во ОХИС е најдена жива, која во минатото се користела во погонот за електролиза. Токсичниот метал бил откриен минатата година, во текот на чистењето на првата половина од депонијата. За опасноста која демне од живата складирана во ОХИС, но и од историското загадување на зградите, почвата и подземните води во […]

На загадувањето од ОХИС му нема крај, линдан има и во реката Вардар пред Велес

9 февруари 2023

Линдан има и во водите на реката Вардар пред Велес, покажале истражувањата на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Загадувањето на подземните води од малата и големата депонија во кругот на ОХИС, но и од онаа во Пеленица која нема никаква заштита, се очигледни. Професорот Стафилов вели дека влијанијата не се задржуваат […]

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па ќе се извезува

1 февруари 2023

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, […]

Интервју со професор Трајче Стафилов: Решенија за жешките точки има одамна, само треба да се спроведат

21 јануари 2023

Загадувањето на животната средина со тешки метали е централната тема на долгогодишните научни истражувања на професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на ПМФ. Во интервју за Мета.мк, професорот Стафилов го објаснува процесот на откривањето на 16 жешки точки со историски индустриски отпад, но и за изработката на физибилити студиите со решенијата за нивно чистење, […]

Годинава ќе се инвестира во пречистителната станица во „Југохром“ за справување со шестовалентниот хром

16 јануари 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање во 2023 година ќе го стави фокусот на непречено одржување во функција на пречистителната станица за отпадни води во кругот на фабриката „Југохром“ од Јегуновце, каде се доведуваат на прочистување водите-исцедокот од индустриската депонија со опасниот шестовалентен хром, лоцирана крај реката Вардар во тетовското село Јегуновце. Министерот за […]

Шест македонски научници се најдоа на листа на топ 2% научници во светот

11 декември 2020

Македонските научници Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Валентин Мирчески, Рубин Гулабоски, Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на топ 2% научници во светот, која што ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД. Листата е објавена во рамките на трудот „Updated science-wide author databases of standardized […]

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

26 октомври 2020

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, […]

Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

5 август 2020

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ. Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, […]

Шест проценти од сите смртни случаи се последица на загадениот воздух

22 декември 2016

Шест отсто од сите смртни случаи се директна последица на загадувањето на воздухот, а жртвите најчесто се од Скопје и од градските средини. Доколку надлежните преземат акција, веќе од идната година би се спасиле многу животи. Ова е заклучокот од научната конференција за аерозагадувањето одржана денеска во организација на еколошкото здружение „Екосвест“. – Што ќе се добие […]

Страна 1 од 1