fbpx

Вирусот не ги штеди младите, почина 31-годишник, 18 се новозаболени и 259 заразени лица

-

На Клиниката за инфективни болести денеска за жал починаа две лица, еден пациент на 91 години и тоа осум дена откако бил хоспитализиран, како и уште еден млад човек на 31 годишна возраст чија клиничка слика беше тешка, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Вкупниот број на новодијагностицирани лица е 18, па сега вкупниот број е 259 заболени лица. На Инфективната клиника се примени тројца пациенти од Скопје и Куманово, хоспитализирани се таму вкупно 49, од кои седуммина се со потешка слика, пневмонија. Нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Стабилна е останатите пациенти во државата, вклучително и на оние кои се на домашно лекување – информира министерот.

Двајца од пациентите на Клиниката во Скопје имаат и втор негативен тест, а петмина други ќе се тестираат утре. За два-три дена, најверојатно вкупно седуммина ќе заминат на домашно лекување, по резултатите и откако ќе се види нивната клиничка слика.

– Во однос на пациентката која вчера почина, а која не била хоспитализирана на инфективното одделение во охридската болница, утре директорката ќе биде разрешена и ќе има нов директор. На увид таму се инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, за да се види улогата и одговорноста на сите други, па ќе се одлучува и постапува согласно одговорноста – рече министерот.

Следнава недела ќе уште два пункта за тестирање во Скопје и уште по еден во другите градови во државата. Во Скопје, едниот ќе биде во поликлиниката Чаир како и во поликлинаката Млин Балкан. Системот на закажување ќе оди со пријавување преку матичен лекар.

Се прават планови за искористување на постојните приватни лаборатории за тестирање. Согласно мислењата на епидемиолозите, ќе се зголеми и бројот на тестирањата. Системот, вели Филипче, е подготвен за мобилни тестови, а тоа ќе започне од следниве денови до семејства каде што има членови кои треба да се истретираат или за да се земе материјалот побрзо.

– Благодрност до сите оние кои донираат пари и друг вид донации во Министерството за здравство. Ќе има сметка на која може да се донира, наскоро ќе биде објавена, а за некое време ќе ја објавиме и листата на донатори – додаде Филипче.

Тој рече дека во однос на карантинот, ова се ситуации во кои никој не смее да биде стигматизиран, особено не луѓето што се во карантин, бидејќи се тоа здрави луѓе.

– Тој модел мора да го поддржиме. Сите луѓе се прегледани и досега нема ниту еден заболен од болеста. Има луѓе со обична настинка, но се во карантин на страна од сите други. Тие не се проблем и опасност за околината, ни за градовите во кои се наоѓаат затоа што се здрави – појасни министерот.

Од утре ќе има организација на Клиниката за кожни болести, ќе се воспостави системот на амбуланти заедно со „Мој термин“.

– Сакам да упатам апел до граѓаните. Пандемијата не стивнува напротив, постојано расте, вирусот не заобиколи ниедна земја. Помина повеќе од еден месец откако беше регистриран првиот кај нас, оттогаш до денес бројот на потврдени случаи секојдневно расте. Добро е што линеарно е зголемувањето, што се` уште дава шанса на нашиот систем за одржливост, да ги прими сите, без да се пренатрупани нашите капацитети. Но ние сме во војна со вирусот. Влегуваме во вториот месец, кој целосно ни го промени животот. Пред нас е најтешкиот период, ни претстои и период каде ќе расте бројот на починати. Имаме и жртва, млад човек, што покажува дека вирусот не штеди никого. Сите кои досега не беа убедени во опасноста, сега верувам дека им е јасно дека ова е сериозна закана, дека мораме ние сериозно да се однесуваме кон неа. Нема да биде лесно, затоа сите да ги почитуваат препораките и да не шириме паника – апелира министерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...