fbpx

Турција и Романија балкански рекордери по порастот на новозаразените и починатите

-

Според најновите податоци од американскиот универзитет „Џонс Хопкинс“, којшто од почетокот на избивањето на епидемијата со новиот корона вирус секојдневно ги следи и ги прикажува податоците во светот, во изминатово деноноќие најголемите порасти на нови заразени со Ковид-19 има во двете најмногубројни земји на Балканот – Турција и Романија.

Така, за само 24 часа, Турција регистрирала 1.610 нови случаи на Ковид-10, а Романија 294, додека бројката на починати во истиот период изнесува 37 случаи во Турција и 22 во Романија.

Србија во изминатово деноноќие забележа 3 нови смртни случаи, БиХ 4, Грција 7.

Голем пораст на нови заразени имало Хрватска – 77, во Грција 56, во Србија 44, во БиХ 39, а во Бугарија – 25, од кои дури 18 се медицински лица.

Подолу може да ги видите бројките од претпладнево:

Турција
10.827 случаи, 1.610 нови
168 смртни случаи, 37 нови
162 излекувани, 57 нови

Романија
2.109 случаи, 294 нови
65 смртни случаи, 22 нови
209 излекувани

Србија
785 случаи, 44 нови
16 смртни случаи, 3 нови
излекувани 0

Хрватска
790 случаи, 77 нови
6 смртни случаи, нови нема
67 излекувани

Словенија
756 случаи
11 смртни случаи
10 излекувани

БиХ
379 случаи, 39 нови
10 смртни случаи, 4 нови – меѓу нив и првата заразена
17 излекувани

Црна Гора
105 случаи, 20 нови
еден смртен случај
0 излекувани

Косово
106 случаи, 12 нови
еден смртен случај, нови нема
еден излекуван

Албанија
223 случаи
11 смртни случаи
44 излекувани

Грција
1212 случаи, 56 нови
46 смртни случаи, 7 нови
52 излекувани

Бугарија
379 случаи, 25 нови, од нив 18 се медицински лица
8 смртни случаи, нови нема
17 излекувани

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...